Многумина загинати и повредени во експлозијата што се случила во една фабрика за ѓубрива во близина на градот Вако во Тексас.
Причината за експлозијата во местото Вест недалеку од Вако кое има 2700 жители засега не е позната, а пожари беснееле на неколку згради.
Експлозијата се случила околу 20 часот по локално време и се слушнала на повеќе од 70 км. растојание.
Нема официјално соопштение од властите за загинати или за причините за експлозијата. Локални радио станици јавуваат за околу 60 загинати.
Најмалку 50 до 75 домови се оштетени во експлозијата и од пожарот, а околна зграда со 50-ина апартмани била срамнета со земја.
Според Си-Би-Ес при втората експлозија повредени се неколку пожарникари додека работеле на местото на инцидентот.
Гувернерот на Тексас Рик Пери издаде соопштение во кое наведува дека ги мобилизира државните ресурси за да им помогне на локалните власти да се справат со инцидентот.
Претставник на Белата Куќа изјави дека ја следат ситуацијата и оти подготвуваат соодветни мерки за помош.