Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓорѓиев: Заедничкото чествување на Гоце Делчев е политички гест на добра волја

0
By Ivana on February 2, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Историската комисија нема никаква улога во носењето на одлуката за заедничко чествување на Гоце Делчев, меѓу Северна Македонија и Бугарија, вели потпретседателот на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев, посочувајќи дека одлуката е политичка.

Во вечерашното гостување на „Топ Тема“, Ѓоргиев истакна дека одлуката е гест на добра волја од страна на двете влади, за да ја релаксираат политичката атмосфера во двете земји.

-Јас овој политички гест го гледам како добра волја, како политичка волја на двете држави да ја релаксираат политичката атмосфера, во однос на тие најчувствителни горливи теми што постојат, додава тој.

Ѓоргиев верува оти треба јавноста да биде информирана на извесен начин, дека наспроти тоа што комисијата се уште дискутира и не може да најде решение за тоа заедничко чествување на Делчев, владите на двете држави како гест на добра волја носат одлука заеднички да го чествуваат и го прават тоа. Тој додаде дека се работи за чиста политичка одлука на владите и оти комисијата нема никакво учество во тоа, како и дека продолжуваат да дискутираат за Делчев.

Потпретседателот на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања изјави дека речиси две години работат на усогласување на еден текст, кој се однесува на Гоце Делчев, и во кој треба да бидат претставени идеите зошто двете држави би требало да го слават Гоце Делчев и зошто е важен за двете општества.

-Тоа би било само едно решение, еден предлог од комисијата за тоа на кој начин може да се претстави Гоце во двете општества, тоа не е решавање на историографскиот спор меѓу македонската и бугарската историографија. Дебатите за Гоце ќе продолжат, комисијата не е цензорско тело кое ќе каже од денес Гоце Делчев припаѓа само на една држава, вели Ѓоргиев.

Тој исто така говореше и за споменувањата на евентуалната заедничка историја и истакна дека таа синтагма е употребена и во Договорот за пријателство и добрососедство. Поради тоа што во договорот не е прецизно дефинирана, тоа и дава слобода на бугарската страна да ја толкува со исклучиво етничка содржина.

-Според бугарските колеги заедничка историја значи историја на еден народ, односно на бугарскиот народ од 9 век до 1944 година, кога со формирањето на Народна Република Македонија, во рамките на Федеративна Југославија, беше преку ноќ создаден македонскиот народ, според нивното толкување. Бугарската страна го следи концептот на нација, на историска нација чие формирање започнало во 9 век со, како што тврдат тие, трајна етничка хомогенизација на прабугарското население и на словенското население на територијата на првото средновековно бугарско царство. Тогаш е создаден бугарскиот народ и тој континуитет на бугарскиот народ продолжува до 1944 година и на територијата на Македонија, и затоа тие заедничката историја ја сметаат како историја само на еден народ, односно на бугарскиот народ. Се разбира ние дојдовме во остар конфликт со нив околу тоа, бидејќи ние не го прифаќаме таквото толкување на таа синтагма, рече Ѓоргиев.

Историографијата како наука, тој вели дека развила неколку концепти преку кои можат да се објаснат допирните точки меѓу две задници, две држави, две култури, а тоа се термините кои се користат во историографијата како испреплетена историја, споделена историја, заедничка историја.

-Значи ние можеме да зборуваме за заедничка историја, јас би рекол во рамките на пример на Османлиската империја. Ние имаме заедничка историја со сите народи на Балканот кои биле во рамките на таа империја, бидејќи сме живееле во исти општествени услови, населението имало еден владетел, плаќале исти даноци, и сето тоа го прави заедничкото живеење на едно население. Во таа смисла имаме заедничка историја и со поранешните народи на Југославија. Се разбира во рамките на сите тие заедници постои посебна микро историја, микро култура, фолклор на сите заедници, меѓутоа не можеме да кажеме дека немаме заедничка историја со сите народи кои беа во рамките на таа заедница, изјави Ѓоргиев.

Тој додаде дека тврдењата дека  постои заедничка историја на еден етникум, односно на бугарскиот народ од 9 век до 1944 година, и дека тоа е заедничка историја само на еден народ, тогаш тоа е научно неодржливо и едноставно неприфатливо.

Потпретседателот на комисијата информираше дека разговорите во комисијата мораат да продолжат, како дел од процесот на дијалог меѓу двете држави со цел отворање на пристапните преговори со Европската Унија.

-Историската комисија е еден дел од тој процес, и тогаш не постои друг начин освен да се продолжи со дијалогот. Ние се трудиме да биде што понезависен од политиката и на што повисоко научно ниво. Мора да се запази рамноправноста и достоинството на двете страни, додаде Ѓоргиев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

ВЕСТИ September 28, 2025

Украина соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 други се ранети во главниот…

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.