Во гаснење на пожарот и спасување на пациентите помагаат и лекарите, медицинските сестри и другиот болнички персонал, а напомош дојдоа и голем број граѓани.
Околу 21 часот вечерва избувнал пожар во модуларната болница во Тетово. На терен се противпожарните екипи, но во гаснење на пожарот и спасување на пациентите помагаат и лекарите, медицинските сестри и другиот болнички персонал, а напомош дојдоа и голем број граѓани.
Причината за пожарот засега се уште не е позната, ниту има потврда дека има некој починат пациент.
Министерот за здравство, Венко Филипче, е на пат кон тетовската болница.
– Во моментов се движам накај Тетово каде, за жал, има пожар во Ковид центарот. Во најскоро време по увид на состојбата ќе споделиме официјални информации што точно се случува. Апелирам за смиреност додека ги чекаме деталите за несреќата, објави Филипче на Фејсбук.
Очевидци на трагедијата во Тетово објавија и видео снимки од пожарот на социјалните мрежи.
Гори Ковид Центарот во Тетово, велат има изгорени луѓе….немам зборови. pic.twitter.com/eySj893is3
— Wicked Mrchatina (@Mrchatina) September 8, 2021