Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на врвот на листата на реномираниот Screen Media

0
By Нова ТВ on February 11, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Филмот на Теона Стругар Митевска, „Господ постои, името и е Петрунија“ беше оценуван од жирито на Screen Media во Берлин, при што доби одлични првични резултати.

Нашиот претставник моментално се наоѓа на врвот на листата на жирито, заедно со Öndög на Ванг Куанан, со просечна оцена од 2,8, иако „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ го очекуваат уште два резултати, со што веројатно e дека ќе се искачи на самиот врв.

Screen Media за сите престижни фестивали, од рангот на Берлин, Венеција и Кан, повикува 7 најдобри новинари-филмски критичари од целиот свет кои заедно со уште еден филмски критичар од Screen International ги оценуваат филмовите на скала од 0 (многу лошо) до 4 (одлично). Годинешната жири комисија е сочинета од реномирани новинари од филмската фела од престижните медиуми Dagens Nuheter – Шведска, Frankfurter Allgemeine – Германија, Film Art – Русија, Die Zeit – Германија, The Paper – Кина, The Morning Star – Велика Британија, Segnocinema – Италија и еден филмски критичар од самиот Screen International.

Нашиот претставник на Берлинале доби мешавина од оценки, меѓу кои и највисоката четворка Паоло Бертолин од „Сегносинема“ што во моментов го рангира на првото место, а пак по добивање на оценките и од Шведска и Кина, неминовно е дека „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ и ќе остане највисоко на оваа престижна листа.

Screen International е реномиран британски филмски магазин кој ја покрива меѓународната филмска индустрија. Наменет е првенствено за оние кои се инволвирани во глобалниот филмски бизнис, а датира уште од 1889 година кога бил основан под името “Optical Magic Lantern and Photographic Enlarger”.

Истиот објавува дневни публикации и критики од филмските фестивали и пазарите на Берлин – Германија, Кан – Франција, Торонто и Онтарио – Канада, американските филмски пазари во Санта Моника, Калифорнија и Хонг Конг.

Премиера и прес-конференција

Во присуство на 100-тина новинари од светот и филмски критичари, вчера изутрина македонската екипа на нашиот претставник за Златната мечка одржа прес-конференција во прес центарот HYATT.

На прес-конференцијата ѝ претходеше ексклузивна затворена премиера на филмот, исклучиво за новинарската публика и филмската критика, кои со воодушевување и овации ја пречека нашата екипа.

На прес-конференцијата, која инаку предизвика огромен интерес меѓу новинарите, се обратија режисерката Теона Стругар Митевска, продуцентката и актерка Лабина Митевска, актерката Зорица Нушева (која го игра ликот на Петрунија) и сценаристката Елма Татарагиќ.

Во 16 часот следеше и светската премиера на филмот во преполната главна сала на фестивалот Berlinale Palast, чијшто капацитет е 1800 седишта.

Повеќе за настаните врзани со промоцијата на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, погледнете на официјалната страница на Берлинале, на:

https://www.berlinale.de/en/programm/berlinale_programm/datenblatt.html?film_id=201916992

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.