Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Господ постои, името и е Петрунија“-добитник на наградата „ЛУКС 2019“ на ЕП

0
By Нова ТВ on November 27, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска ја доби наградата „ЛУКС 2019“ на Европскиот парламент, која беше доделена на свечената церемонија во пленарната сала на Парламентот.

Првпат откако е воведена оваа награда пред тринаесет години, добитник е македонски филм. Филмот „Господ постои, името и  е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска е копродукција меѓу Северна Македонија, Словенија, Белгија, Хрватска и Франција.

Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли и ја предаде наградата на режисерката Теона Стругар Митевска во присуство на главната актерка која ја игра улогата на Петрунија Зорица Нушева и актерката и продуцент на филмот Лабина Митевска.

-Често сум критикувана во Македонија од политичарите, бидејќи сум многу политички, тоа е вистина, бидејќи како автор сум заинтересирана за тоа што се случува во моето општество. Моја должност е да зборувам за проблемите за кои никој не се осмелува да зборува, рече режисерката Стругар Митевска додавајќи дека „Петрунија, благодарејќи на својата отпорност и храброст допре толку многу срца“.

Притоа, се обрати до европратениците барајќи да ги бранат правата на слобода и на збор на уметниците и авторите.

-Јас сум жена, јас сум Македонка, јас сум европјанка, иднината на Европа е во солидарноста во инклузијата, а не во ексклузијата, рече Стругар Митевска од говорницата на Европскиот парламент.

Покрај „Господ постои, името и  е Петрунија“ за наградата во финалната трка се најдоа се уште и  „Нерешениот предмет Хамарскјилд“ на Мадс Бругер (Данска / Норвешка / Шведска / Белгија), и „Ел Реино“ (Шпанија / Франција) од Родриго Сорогојен.

Годинава меѓу десетте филмови кои беа во селекцијата за наградата ЛУКС 2019, од кои беа избрани трите финалисти, имаше уште еден македонски филм „Медена земја“ на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска.

За Наградата „ЛУКС 2019“  гласаа европратениците, оние кои ги видоа филмовите, всушност тие се финалното жири за наградата, откако филмовите беа селектирани од филмски професионалци од земјите членки на ЕУ. 

Европскиот парламент ги покрива трошоците за титлување на трите финални филмови на 24 официјални јазици на ЕУ и изработува дигитална копија на филмовите за секоја од земјите-членки.

ЛУКС наградата за филм е посветена на промоција на европското кино и има за цел да го поддржи ширењето на европските продукции и да ја стимулира  дебатата на ниво на целиот континент за главните политички и општествени теми. Таа првпат беше доделена во 2007 година. 

Пред десетина дена, екипата објави дека филмот ја доби престижната Одисеј – наградата за Човекови права на Советот на Европа , Odyssée Conseil de l’Europe aux Droits de l’Homme од страна на Советот на Европа.

Критиките за „Господ постои, името и е Петрунија“: Филмска комета од Македонија

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

ВЕСТИ October 7, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „донел одлука“ за продажба на ракети „Томахавк“ со…

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.