Бошко Нацевски: Ќе го проголтав упадот во ИНФОМСКС, како да е дело на некоја моќна типчина, совладана од болеста позната како ментална хистерија.
Ама ова беше ти било показна вежба на герила со упад во студио. Демонстрација на милитантна вештина на мускулатури во својство на гладијатори, за пресметка со „недисциплинирани” новинари.
Овие слики само во помрачни бои веќе ги видовме во време на груевистичкото владеење, кога во телевизиската куќа на Рамковски се одиграа брутални сцени од типот на хитлеровата ноќ на “долгите ножеви”, кога во студијата како дронови упаднаа до заби вооружени режимски бранители. Фалеа уште гасеничари, тешки тенковски машини и убојни хаубици.
Господо, влеговте во минско поле, последното скалило во мракот на демократијата.
Битките во ринговите на информаторите се водат со оружјето на мислите и зборовите. Ова е брутално, нецивилизациско загрозување на правото на човековата слобода на изразување. Ниско срамно и застрашувачки брутално. Обид за гиљотирање на мислата и зборот. Слободата на говорот.
Јас веќе ја сменив бравата на безбедносната врата од станот.
Извор: Фејсбук



