Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гостивар во црно

0
By Нова ТВ on February 14, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Беса Арифи, Вонреден професор на Универзитетот на Југо-Источна Европа

Вчера попладне Гостивар го погоди голема трагедија, не погоди сите нас. Четиринаесет изгубени животи во сообраќајна несреќа и триесет повредени. Голема и трагична загуба, еден единствен момент кој ни покажува како крајно обичен ден, секојдневна рутина на враќање од работа, може да се претвори во катастрофа. Колку е кршлив човековиот живот, колку брзо и без никакво предупредување наеднаш згаснува. Во овие моменти на жалост кога уште се бројат последиците сеуште се чини е тешко да се зборува за причините. Во овие моемнти се што може да се чуствува е големо и длабоко жалење за ова голема загуба.

Сепак, во еден таков момент, некој со висока титула универзитетски професор успеа да види иронија на среќата, некаква си космичка правда која би требало да стави паралела и да споредува работи кои не се споредуваат ниту пак има смисла да бидат споредени. Да успееш да иритираш толку голема група луѓе, а пред се семејствата на настраданите и повредеите, со таков злобен коментар „Каква трагедија и иронија: Карпалак“ треба навистина да бидеш некакво бесчуствително битие кое во секој трагичен момент гледа исполување на некаков болен нагон за одмазда. И како тоа да не е доволно, таа ниту се извинува туку продолжува да се правда и да објасни што сакала да каже со веќе избришаниот пост и без доцнење ја зазема толку конформната улога на жртва, на која ете, сега и се закануваат со линч, и притоа објаснува дека пишувала книга за транзициска правда од која, според нејзиното стручно мислење, ние сме биле многу далеку како земја! Каква е таа трагедија и иронија човек како неа да биде нарекувана универзитетски професор! Па еден универзитетски професор носи одговорност за работите што ги кажува и што ги пишува, носи одговорнсост, бидејќи тие зборови се нејзино орудие што може да се користи за добро или за зло, за мобилизирање, манипулирање или смирување на широката маса која во еден образован човек гледа човек кој знае повеќе од нив, кој се однесува поодговорно од нив и кој гледа подалеку од нив. Затоа зборот на еден образован човек носи и поголема одговорност. Кога еден универзитетски професор со недоличен, бесчуствителен и злобен коментар успева да поттикне омраза и во тоа бидува морално поддржан од своите молчеливи колеги, тогаш тоа е навистина жалосна состојба на интелигенцијата на една држава. Тоа е пред се состојба на говор на омраза која треба сериозно да се третира од државните органи како и од управата на универзитетот во кој таквиот професор работи. До кога универзитетите ќе толерираат сеење омраза и шовинизам од страна на нивните професори? Универзитетите треба да бидат места на обединување на авангардни и слободоумни интелектуалци а не места каде што се поттикнува меѓуетничка омраза и раздор.

Но добро е што таквите образовани „интелектуалци“ не се единствените граѓани на оваа земја. Добро е што и покрај сеењето на таква омраза има и луѓе кои широкодушно нудат секаква помош на семејтвата на патниците кои настрадаа или се повредија вчера. Ги нудат нивните домови, ја нудат својата крв која експресно ги полни резервите во болниците, ја нудат целата помош што како обични граѓани може да ја дадат, без никакво размислување, ниту солење памет за иронии, трагедии или космички правди. Таа солидарност е суштината на човечноста во оваа држава, таа е едниствената надеж. Бидејќи се додека има толку многу луѓе кои знаат дека во тој автобус можеше да биде секој од нас и таа трагедија можеше да ни се случи на секој од нас, кои знаат дека всушност сите се возиме во ист автобус и крвариме иста боја, има надеж за ова земја и за сите нас.

Сочувства до семејствата на сите настрадани во вчерашната трагедија.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.