По извршениот увид од јавен обвинител и увидна екипа, утврден е идентитетот на мажот кој вчера се удави во Вардар.
Полицијата поведе потрага откако случајот вчера беше пријавен и го откри безживотното тело на 73-годишниот гостиварец кај мостот меѓу Старо Чајле и Форино.
Според првичните сознанија на полицијата, очевидец по телефон пријавил дека маж скокнал од железничкиот мост под старата кланица, а неговото тело го однела водата низ реката.
Причините за смртта најверојатно ќе се утврдуваат по обдукцијата.