Метален сеф во кој имало околу 500.000 евра, 50.000 американски долари и златен накит, бил украден од петокот до неделата во стан на улицата Бихаќка во Скопје, извести МВР.
Сопственикот на станот М.М (57) од Скопје, пријавил во полиција дека непознат сторител во периодот од 21 до 23 јуни со употреба на погоден предмет влегол во домот и го земал металниот сеф во кој биле парите, како и разновиден златен накит и документација.
Вкупната материјална шетата се проценува на околу 33.580.000 (545.000 евра) денари.
Полицијата трага по сторителите.