Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Град Скопје покрена постапка за Коце Трајановски во ДКСК

0
By Нова ТВ on April 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Град Скопје поведе постапка до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) против поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски.Градските власти во барањето наведуваат дека се работи за случај на прекршување одредби од склучен договор исплатен од Буџетот на Град Скопје со цел водење политичка кампања за локални избори. Постапката е поведена минатата недела.

-Откако минатата недела ВМРО-ДПМНЕ обвини за корупција во Договорот со дроновите, ги пребаравме сличните договори што ги склучувал Градот и видовме дека во 2017 година Градот склучил петпати поскап договор од оној во 2016 година. Клопчето почна да се одмотува. Разгледувајќи ги доставените материјали забележавме дека ни се познати и ги најдовме кадрите дека се користени во изборен спот на ВМРО-ДПМНЕ, на Коце Трајановски, велат за МИА од Град Скопје.  

Градските власти истакнуваат дека засега немаат информации за други или слични случаи и додаваат оти не се истражен орган.  

-Кога ќе увидиме некоја потенцијална криминална активност, тогаш пријавуваме. Ќе продолжиме да бараме дали и други ресурси на Градот се користени во изборни цели на политички партии и ако е тоа така, веднаш ќе пријавиме, информираат за МИА од Град Скопје.

МИА за ова побара став и од поранешниот градоначалник на главниот град, Коце Трајановски, кој смета дека се работи за негова политичка дискредитација.  

-Ниту јас, ниту Град Скопје, односно институцијата со која раководев до октомври 2017 година не го нарачала, ниту изработила тој спот и се што сум работел до крајот на мандатот било согласно законските прописи. Затоа за бараните информации треба да се обратите кај тој што го изработувал тој видеозапис. Очигледна е намерата на актуелната градска власт за моја политичка дискредитација во недостиг на исполнување на ветувањата за кои беа донесени на власт, стои во писмената изјава на Трајановски.  

Во барањето за поведување постапка се наведува дека на 13 април 2017 година Град Скопје, во својство на договорен орган, склучил Договор со „Енигма Солушн ДООЕЛ“ како носител на набавка за видео снимање на секојдневна и месечна основа и видео-фото документација за потребите на Град Скопје.

Вредноста на договорот, информираат за МИА од Град Скопје, изнесувала два милиони и сто триесет и шест илјади денари без пресметан ДДВ, со вкалкулиран попуст од 11 отсто од електронска аукција. Вкупната вредност на договорот изнесувала два милиони  петстотини дваесет илјади и четиристотини осумдесет денари, со пресметан ДДВ. Носителот на набавката за потребите на Град Скопје, ги вршел услугите сукцесивно, секој месец во текот на траењето на договорот.  

Согласно Техничката спецификација, која е составен дел на Договорот, снимениот видеоматеријал и фотографиите остануваат авторска сопственост на Град Скопје. Покрај обработениот видеоматеријал и необработениот материјал и фотографиите согласно договорот остануваат сопственост на Град Скопје. По завршувањето на договорот, операторот требал целокупниот материјал предвиден со договорот на екстерен хард диск да го достави до Град Скопје и овој услов бил исполнет и целокупниот материјал е предаден на градските власти.   

По сознанијата до кои сега дошол Град Скопје, дел од видеоматеријалот, предмет на овој договор е искористен во видеоспот како платена политичка програма во 2017, од страна на тогашниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски.  

За таа цел до ДКСК се доставени Договорот и фактурите и извештаите за извршената услуга-предмет на набавката, заедно со видеото кое е доставено од носителот на набавката по извршување на услугата и видеоспотот како платена политичка програма на тогашниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, каде се користени кадри кои претходно биле нарачани за потреби на Град Скопје и кои согласно Техничката спецификација претставуваат авторска сопственост на градските власти. Услугата за снимање е исплатена од буџетот на Град Скопје. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.