Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Градинките се отвораат за децата, училиштата остануваат затворени за учениците

0
By Sashko on April 27, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Договорот меѓу Владата и раководството на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) за зголемување на платите од 12 проценти, не важи за членовите, па денеска продолжува штрајкот во основните и во средните училишта, а, според најавите, ќе трае сè додека не се најде прифатливо решение за двете страни. Од друга страна, СОНК одлучи градинките да продолжат со редовно работење.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, по вчерашната објава дека членството не го прифатило предлогот за зголемување на платите од 12 проценти, најави дека Синдикатот одлучил да организира голем масовен протест пред Владата в среда на 4 мај 2022 година.

„Од вкупно 480 синдикални организации кои доставија податоци за нивното изјаснување, 388 беа за продолжување на штрајкот од утре, а 83 беа за прекин. Најголем дел од овие што се изјаснија за прекин на штрајкот, се синдикалните организации од детската заштита, а без исклучок, огромниот број кои беа за продолжување на штрајкот се колегите кои се вработени во основното и во средното образование. Советот на СОНК, со оглед на сумираните резултати, донесе одлука дека штрајкот во основното и средното образование продолжува и во текот на утрешниот ден се до наоѓање на заедничко прифатливо решение помеѓу Синдикатот и Владата“, нагласи вчера Неделков.

Тој додаде дека Советот на СОНК, врз основа на изјаснувањето на синдикалните организации од детските градинки, донел одлука во градинките штрајкот да се стави во мирување.

Откако СОНК објави дека се усогласил со Владата за 12 процентно зголемување на платите, членови на Синдикатот вчера се собраа пред седиште да протестираат. По искажаното незадоволство, Неделков ги оквалификува како шпекулации информациите дека е потпишан договор со Владата и дека било поткупено раководството на Синдикатот.

Штрајкот во основното и во средното образование и во детските градинки почна на 11 април. СОНК веќе вторпат одбива владин предлог за зголемување на платите, бидејќи сè уште не го постигнале тоа што го бараат. Владата првично предложи зголемување на платите од 10 проценти, а потоа на 12 отсто, но СОНК бара покачување од 18,4 проценти и усогласување на останатите плати со минималната плата и ќе го продолжи штрајкот се додека не се најде компромисно решение за двете страни.

По одлуката на СОНК, да продолжи штрајкот, реагираше министерот за образование и наука Јетон Шаќири, кој нагласи дека зборот на СОНК не издржал ниту едно деноноќие.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.