Градоначалникот на главниот град на Литванија во периодот од 2011 до 2015, Артурас Зукас, во 2011 година како пример за луѓето кои паркираат на погрешно место, употреби тенк со кој ја прегази една од колите паркирана на велосипедска патека.
– Ова же ви се случи доколку паркирате на погрешно место, е пораката која Зукас тогаш ја упати на видео споделено на градскиот вебсајт.
“Делото“ на градоначалникот беше емитувано за популарната шведска серија „99 работи кои треба да ги направите пред да умрете“.
Зукас, кој за себе има изјавено дека е исклучителен љубител на велосипедот, откако ја гази колата, го собира искршеното стакло од местото, се качува на велосипед и заминува.
– Мора да имате смисла за хумор работејќи ја оваа работа, и мислам дека со моите постапки ќе го привлечам вниманието во борбата на градот против оние кои нелегално паркираат, изјави тогаш градоначалникот.
За време на неговото управување со литванскиот главен град, Зукас ги убедуваше граѓаните дека најдоброто решение во сообраќајот е да користат велосипед.