Третата масовна гробница е пронајдена во близина на Мариупол, изјави денеска градоначалникот на опколениот југоисточен град, за украинската телевизија, пренесува Си-Ен-Ен.
Покрај масовните гробници откриени во селата Манѓуш и Винохрадна, „сега гледаме дека има уште една“, рече Вадим Боиченко.
Боиченко повтори дека околу 20.000 жители на Мариупол загинале од почетокот на инвазијата.
„Ситуацијата во Мариупол останува исклучително тешка“, рече тој. „Непријателската артилерија ја гранатира нашата тврдина Азовстал“, фабриката за челик каде што има украински војници и цивили.