Само неколку дена откако градоначалникот на Торонто Роб Форд призна дека пуши крек, тој се нашол во ситуација која мора да објаснува ново скандалозно видео во кое е пијан и се заканува со убиство.
Весникот Торонто Стар има добиено снимки во кои пијаниот градоначалник се сопнува низ собата и се заканува на некоја непозната особа со смрт.
– Јас ќе го убијам овој човек. Тоа ќе биде првиот пример на убиството. Или тој ќе умре или јас, се закани Форд.
Форд набргу по објавувањето на сликите објаснуваше само дека тој бил пијан.
– Јас сум толку засрамен за ова. Целиот свет ќе го види. Тоа не е ми е проблем. Можам само да кажам дека сум бил ужасно, ужасно пијан.