Наводно, според добро упатени извори, актуелниот прв човек на Карпош сака да поднесе оставка, што за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо со оглед на тоа колку капацитет, енергија, но и пари вложија во неговата кампања за конечно оваа партија да дојде на чело на Карпош.
Според добро упатени извори, актуелниот прв човек на Карпош сака да поднесе оставка, што за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо, зашто доколку дојде до нови избори слаби се шансите кандидат на оваа партија повторно да победи во Општина Карпош.
Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски вчера го назначил советникот Неделчо Крстевски од ВМРО-ДПМНЕ за заменик-градоначалник, кој во иднина во отсуство на градоначалникот законски може да ги извршува сите негови должности.
Сето ова следува по половина година откако Лукровски седна во градоначалничката фотелја и според граѓаните, а очигледно и според оние што го кандидираа, не се снајде во новата функција и не покажа резултати какви што се очекуваа од него.
Наводно, според добро упатени извори, актуелниот прв човек на Карпош сака да поднесе оставка, што за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо со оглед на тоа колку капацитет, енергија, но и пари вложија во неговата кампања за конечно оваа партија да дојде на чело на Карпош. Доколку дојде до нови избори во случај на негова оставка, според изворите, речиси нема никакви шанси кандидат на ВМРО-ДПМНЕ повторно да победи во Карпош.
Затоа, како што тврдат, решението Крстевски, кој на времето беше портпарол на ексградоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, да биде заменик на Лукровски е најбезболно решение – партијата и без избори и понатаму да раководи со Оштина Карпош.
Од Општината на прашањето од „Слободен печат“ дали има вистина во тоа дека всушност Крстевски треба да ја раководи Општината затоа што Лукровски се подготвувал да си даде оставка, досега нема одговор.
Но, претходниот градоначалник Стевчо Јакимовски, смета дека токму тоа ќе се случи.
Заменик-градоначалникот во отсуство на градоначалник е градоначалник. Јас од четри мандати имам назначено заменик само додека бев на операција во Виена и тоа траеше вкупно 10 дена. Ова што се случува во Карпош е само груб обид на изигрување на волјата на граѓаните. Од самиот старт соочени сме со негодување од страна на Лукровски дека многу му е тешка функцијата, дека не може да ја извршува, дека сака да си даде оставка, дека не сака ништо да потпишува и ова претспоставувам во консултација со партијата. Има гласини дека поднесувал оставка кај Христија Мицкоски и дека таа не му била прифатена и сега на ваков начин се обидуваат грубо да ја изиграат волјата на граѓаните. Тоа е партијата која во време на избори плаќаше, уценуваше, правеше возови, вршеше притисоци за токму овој човек, кој е другар од детство на Мицкоски да го постават за градоначалник. И сега што се случува? Сега дојдовме до народната – Кога се мажеше што ти се чинеше? – вели Јакимовски за „Слободен печат“.
Текстот е сопственост на Слободен печат.мк





