НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Град Скопје тврди не се надминати граничните вредости на загаденост

0
By Нова ТВ on November 2, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во изминатиов период просечните вредности на загаденоста на воздухот не ги надминуваат граничните вредности, односно тоа се случува само во кратки временски интервали и на одредени локации, додека посочената апликација ги регистрира само највисоките вредности постигнати во одреден момент, наведуваат од Град Скопје во реакција на информациите што изминативе два дена се објавуваа во јавноста, околу загаденоста на воздухот во Скопје и рангот на истражувањето на глобалната апликација Ер Вижуал („Air Visual“), како и напорите на градот за борба против загадувањето.

Од Градот Скопје информираат дека во рамките на своите надлежности работат на системско решавање на проблемот со загаденоста на воздухот, преку спроведување  активности дефинирани со Планот за подобрување на квалитетот на воздухот што опфаќа 53 краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки.

– Од аспект на сообраќајот, Градот Скопје е во постапка на набавка на 40 нови еколошки автобуси, инвестиции во електромобилноста, како и во подобрување на инфраструктурата и на условите за користење на велосипедот како превозно средство. Првпат минатата година во неколку наврати во случаи на екстремно загадување, Град Скопје овозможи бесплатен јавен превоз за сите, за да го дестимулира возењето  автомобили, стои во соопштението.

Од аспект на греењето, Град Скопје наведува дека го формира новото јавно претпријатие „Градски енергетски системи АД Скопје“ кое ќе врши енергетски дејности и  ја реализира постапката за преземање на градската топлификациска  мрежа, со што ќе стане директен фактор во одлуките во оваа област, која е голем причинител за загадувањето на воздухот, како и да се вклучи во процесот на гасификација на Скопје. Покрај ова, Градот и оваа година субвенционираше граѓани кои се греат на печки на дрво и други течни горива, да набават печки на пелети кои загадуваат далеку помалку.

Посочуваат дека од аспект на контролата, инспекциските служби на Град Скопје се на терен постојано, контролирајќи ги лицата кои креираат и ги палат дивите депонии, каде што активностите на терен резултираа со двојно повеќе казни во однос на истиот период лани. Првпат се користат дронови за мониторирање на изворите на загадувањето, а минатата година беше формиран и 193 центарот за елиминирање на отворени огнови кај бездомни лица. Иако расчистувањето на дивите депонии не е работа на Градот, туку на општините, сепак , од Град Скопје во 2018-та се исчистени над 3000 метри кубни диви депонии, далеку повеќе од 2017-та (375 м3).

Апелираат  до преостанатите државни институции и општини во Скопје и во скопскиот плански регион да го следат примерот на Град Скопје и да ги вршат должностите што се нивна законска ингеренција. Исто така апелираат и до граѓаните за помало користење на возилата и користењето на јавниот автобуски превоз, како и повеќе лица да се возат во едно возило, за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.