Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Градовите од југот на државата без редовен автобуски превоз

0
By Нова ТВ on August 13, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓаните од Валандово, Гевгелија и Богданци мака мачат со редовниот автобуски превоз и поврзувањето со Скопје и другите градови во државата јавува Телма
На автобуската станица во Валандово има истакнато возен ред, но граѓаните кои со часови чекаат автобус мора со такси да заминат до саканите дестинации бидејќи само еден автобус дневно заминува за Скопје и доколку не успеат да стигнат на време, треба да чекат до наредниот ден.

-Еден поминува во 6,40 часот. Ако не заминеш со него го испушташ, друг нема, ти реков, утре ќе го чекаш. Тоа е, што друго да ти кажам, вели еден жител на Валандово.

Иста е состојбата во Богданци и Гевгелија. Иако неодамна беше пуштена во употреба новата автобуска станица нема редовен превоз. Само инцидентно се појавува по некој превозник.

-Нема автобус сега, заминал во 10 часот, јас дојдов во 11. Сега ќе чекам во 12 часот, вели една гевгеличанка.

Според Убавка Вегова, директорка на комуналното претпријатие во Гевгелија, кое управува со автобуската станица, нередовниот превоз се должи на тоа што превозникот „Млаз“ од Богданци воопшто не се придржува до возниот ред и не ги одржува линиите. Доделувањето линии е во надлежност на министерството за транспорт и врски, вели таа.

За да се реши проблемот, според неа, министерот Миле Јанакиевски треба да му ги одземе лините на досегашниот превозник и да ги додели на друг.

Инаку, гевгеличани и жителите на околните градови на располагање имаат и железнички превоз, но поради намалување на бројот на возовите жителите од југоистокот на државата за да стигнат најсигурно до Скопје најпрвин треба да заминат за Дојран и оттаму да продолжат со една од двете попладневни линии.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
ФОКУС

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

ВЕСТИ October 13, 2025

Тринаесет преостанати живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени…

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

October 12, 2025

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

October 12, 2025
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.