Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓаните и фирмите им должат 5,7 милијарди евра на домашните банки

0
By Нова ТВ on January 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Додека расте задолженоста кај населението и компаниите, во исто време растат и штедните влогови. Еден месец пред крајот на 2020 година тие изнесувале околу 6,9 милијарди евра.
Растат кредитите ама растат и депозитите во банките во Македонија. Така, во интервју за МИА, изјави претседателката на Македонската банкарска асоцијација, Маја Стевкова-Штеирева.

Кога се во прашање кредитите, заклучно со ноември 2020 година, тие пораснале за 5,4% и сега изнесуваат околу 5,7 милијарди евра (353 345 милиони денари). Најголем е растот кај кредитите за домаќинствата.

„Заклучно со 30 ноември 2020 година, вкупните кредити на ниво на банкарскиот систем достигнаа 353 345 милиони денари, што е раст на годишно ниво од 5,4 отсто. Вкупните кредити на домаќинствата бележат пораст од 8,3 отсто во однос на истиот период минатата година и 7,6 осто во однос на 31 декември 2019 година. Наспроти тоа, вкупните кредити на нефинансиските друштва бележат пораст од 2,5 отсто во однос на истиот период минатата година и се намалени за 0,8 отсто во однос на крајот на годината. Во изминатиот период, може да се забележи воздржување од инвестициски активности кај корпоративните клиенти како резултат на неизвесноста поради здравствената криза, намален обем на работа поради намалени нарачки од деловните партнери од земјите во ЕУ, прекинати синџири на испорака на репроматеријали и слично“, рече Стевкова-Штериева.

Кај населението, се уште се доминантни потрошувачките кредити, а потоа станбените кредити и кредитите за реновирање. Стевкова-Штериева, за МИА, потенцира дека во услови на изразен степен на неизвесност, банките секако остануваат подготвени да одговорат на потребите на граѓаните и на компаниите.

Во исто време, оценува Стевкова-Штериева, граѓаните и компаниите имаат висока доверба во банакарскиот сектор. Заклучно со 30 ноември 2020 година, вкупните депозити на ниво на банкарскиот систем, без вклучување на депозитите од банки, изнесуваат 6,9 милијарди евра (422 239 милиони денари), што е раст на годишно ниво од 6,3 отсто.

„Вкупните депозити на домаќинствата бележат пораст и во однос на истиот период минатата година за 5,4 отсто и во однос на крајот на годината 2,3 отсто. Вкупните депозити на нефинансиските друштва бележат пораст од 10,2 отсто во однос на истиот период минатата година и од 4 отсто во однос на крајот на годината. Може да се забележи дека учеството на денарските депозити останува доминантно споредено со девизните, со што се потврдува довербата на населението во денарот“, вели претседателката на МБА.

Посочи дека во анализи на бројни меѓународни аналитичари се истакнува дека намалувањето на патувањата, што се должи на затворањето на границите, ограничувањето на движењето на населението, како и на можностите за трошење на слободните финансиски средства имаат влијание врз зголемувањето на заштедите кај дел од населението.

„Секако дека овие појави не ја одминуваат и нашата земја и дека намалената потрошувачка влијае на зголемувањето на депозитите на населението. Воедно, порастот на депозитите делумно се должи и на економските мерки на Владата за ублажување на негативните ефекти од здравствената криза. Но, зголемувањето на депозитите зборува, пред сѐ, за довербата која банките ја уживаат кај населението. Токму од овде произлегува и обврската на банките да се грижат за сигурноста на штедните влогови, за сигурноста на депозитите на своите комитенти. Најголем дел од изворите на финансирање во банките во нашата земја се депозитите. Затоа е особено важна нивната сигурност“, рече Стевкова-Штериева во интервју за МИА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

81 година слободно Скопје

ВЕСТИ November 13, 2025

Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и…

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.