НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓаните ја сметаат Србија за најголем пријател на Македонија, на второ место се САД, се вели во проект на Институтот Преспа

0
By Sashko on April 15, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓаните сметаат дека најголем пријател на Северна Македонија е Србија. За речиси 39 отсто од испитаниците, Србија е прв избор на пријателство, додека на второто место се наоѓаат САД со 17 отсто. Европската Унија (ЕУ) бележи пад во споредба со 2020 година и за неа се изјасниле само осум отсто од испитаниците.

Ова го покажуваат наодите од „Опсерваторијата на влијанието и имиџот на државите“ во рамки на проектот на Институтот Преспа „Надворешна политика и меѓународни односи“, во чии рамки функционираат две компоненти – Индекс за меѓународно присуство и Имиџ опсерваторија.

Според овие наоди, тренд на двојство на Србија и САД се следи кај сите демографски групи и кај сите главни прашања.

„Ако се анализираат односите со соседите, тогаш за мнозинството наши граѓани државава има многу добри или добри политички и економски односи. Притоа, за нијанса подобро се оценети економските односи, споредено со политичките. Ако се бара најголемиот пријател, тогаш Србија е на врвот, додека последен избор е Бугарија, меѓу нив се Албанија, Косово и Грција. Притоа, појаснувањата се врзуваат со политичките спорови од актуелниот период, но и од минатото, етничката недоверба или блискост, како и пандемијата, постпандемиската економска криза и актуелната инвазија на Украина“, истакна Андреа Стојковски при презентацијата на наодите.

Во Имиџ опсерваторијата граѓаните зборуваат за ЕУ, за државите членки и за западните партнери како контрибутори за демократскиот и економски развој на Северна Македонија, меѓутоа и како донатори и партнери за трговија и економска соработка.

„Во Имиџ опсерваторијата утврдивме дека иако нема автентичен проруски сентимент, сепак истиот се крие зад безбедната варијанта и исклучителната подложност на дезинформации и пропаганда кои ги добиваме преку блиски јазици и соседни држави“, наведува Стојковски.

Во рамки на проектот беше спроведено канцелариско и индексно истражување во чии рамки беа користени статистички податоци од национални и меѓународни извори, други податоци од национални извори, како и податоци од мониторинг на медиуми и социјални мрежи.

Притоа Индексот за меѓународно присуство опфаќа три димензии на присуство (економско, политичко и меко), како и 20 променливи и 48 индикатори.

Со Индексот се следи присуството на 64 држави во период од 21 година, односно од 2000 до 2020 година. Како резултат на истражувањето прибрани се, систематизирани и обработени приближно 75.000 статистички податоци потребни за изработка на Индексот, како и приближно 4.000 статистички податоци кои се однесуваат на население, БДП и стапка на пораст на БДП.

Преку мониторингот на медиуми и социјални медиуми, пребројани се и архивирани приближно 7 милиони статии и вести од 372 извори, приближно 77.000 објави на Facebook од верификувани страници од Северна Македонија и приближно 14 милиони објави на Twitter од профили од Северна Македонија со најголем број на следачи и најголем опфат.

За потребите на втората компонента – Имиџ опсерваторијата беше спроведено и теренско истражување преку анкета спроведена на репрезентативен примерок на национално ниво од 1.002 полнолетни испитаници, спроведена во периодот од 10 јануари до 23 јануари 2022.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.