Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓаните кои го пропуштиле терминот за вакцинација, мора да презакажат и да си го чекаат редот

0
By НОВА ТВ on May 18, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓаните кои го пропуштиле терминот за вакцинација против ковид-19 поради  најразлични причини се интересираат дали може да презакажат и кога повторно ќе стасаат на ред за имунизација. Матичните лекари велат дека најчесто кај нив реагираат помлади граѓани кои уште пред два-три месеци се пријавиле за вакцина, а сѐ уште не добиле термин.

Во врска со тоа дали овие граѓани коишто не се вакцинирале во закажаниот термин по презакажувањето ќе бидат планирани како последни за вакцинација од Министерството за здравство одговараат:

-Граѓаните кои го испуштиле терминот за вакцинација, повторно треба да се пријават за вакцинирање на vakcinacija.mk или кај матичниот лекар. Тие влегуваат во  групата, односно временскиот период кога извршиле пријавување, Доколку граѓанинот сам не се откажал од термин за вакцинација (опција што постои на vakcinacija.mk) поради здравствени причини, електронскиот систем автоматски ги повлекува регистрациите и на граѓаните им испраќа порака за закажан термин за вакцинација – појаснуваат надлежните.

МН: Кој прележал ковид-19, по еден месец може да се вакцинира

Од друга страна  термини за вакцинација стасуваат и на некои од граѓаните коишто  пред само еден месец прележале ковид-19, па тие се во дилема дали да побрзаат на вакцина или сепак да почекаат.

За тоа кој е протоколот за заштита на овие лица, односно кога најрано по оздравувањето тие можат да примат вакцина, а кога таа најдоцна се препорачува да се прими – дали по шест или девет месеци од болеста, од Министерството појаснуваат:

– Комисијата за ковид-имунизација има донесено одлука пациенти со прележан ковид да може да се вакцинираат еден месец од денот на оздравување – додаваат надлежните.

Според најновите истражувања, IgG антитела на ковид-19 се детектираат и девет месеци по прележување на болеста.

Матична докторка од скопски Аеродром раскажува дека овие неколку недели  телефоните во ординациите најчесто ги вжештуваат помладите граѓани.

  • Помладите пациенти најчесто ни се јавуваат со прашања – дали сум влезен во системот, зошто се уште не сум повикан, иако дури  во февруари се пријавив за вакцина и друго… Тие воедно се и најмногу  револтирани бидејќи, како што објаснуваат, одат на работа, се среќаваат со повеќе луѓе, па имаат и поголем ризик да се заразат со вирусот, па оттаму сметаат дека и побрзо треба да стасаат на ред за вакцинација. Им кажуваме дека ред мора да постои, а очекуваме во земјата да се отворат и повеќе пунктови за вакцинација. Ете, во Њујорк почнаа и во метро да даваат вакцини, некаде и во паркови и на останатите места каде граѓаните доаѓаат да се рекреираат. – велат во оваа ординација.

 

Љубица Балабан

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

ВЕСТИ September 16, 2025

Aпсолутен рекорд – 28 поглавја од преговорите се отворени за 11 месеци.

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.