Шпанските градови се обединија во едноминутен молк во чест на загинатите во вчерашниот терористички напад во Барселона. Откако заврши едната минута молк, следуваше аплауз, а потоа насобраниот народ спонтано почна да скандира „немам страв“. Според проценките на плоштадот биле собрани околу 100.000 луѓе. На собирот во првиот ред беше кралот Фелипе VI, премиерот Мариано Рајој и каталонскиот претседател Карлес Пуждемон.
https://www.facebook.com/humorcabron/videos/2238129776202971/

