Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓаните цела ноќ го чуваа опустошениот парк кај Бристол

0
By Нова ТВ on August 5, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Во постојано присуство на полицијата во паркот кај Бристол граѓаните ноќта ја минаа во четирите шатори, поставени врз опустошениот парк.

Велат остануваат тука и покрај тоа што дрвјата се исечени, тие паркот ќе го чуваат.

Паркот беше опустошен саботата спрема неделата во три часот по полноќ, кога специјалци ги обезбедуваа дрвосечачите кои со моторни пили ги исекоа 40 години старите дрвја, едни од последните во општина Центар.

>>Протест против синоќешното сечење на дрвата кај Бристол

>>Јавноста жестоко реагира по сечата на дрвата кај х.Бристол

По синоќешниот протест кога околу стотина граѓани револтирани од односот на власта се собраа кај Бристол, граѓанските иницијативи најавуваат продолжување на протестите во текот на наредните денови, каде покрај говорите ќе има и музички настапи.

Според измените на ДУП-от на тоа место треба да се гради нова барокна зграда на Советот за радиодифузија.

„Од законски аспект работата е завршена пред да дојдам на функција. Исто како што и ноќе се сечеа дрвата, претходното општинско раководство го изгласа ДУП-от и целиот простор е во раце на централната власт. Не може сега да се преземе ништо легално. Ист е случајот и со катната гаража кај Авто-Македонија која ќе се гради во висина на зградите во барок стил“ рече денеска пред новинарите Жерновски.

„Никогаш повеќе во општина Центар нема да се носат ДУП-ови без да се прашаат граѓаните. Сакам да го спречам дивеењето во Центар. Не давам одобрение за градба на каракатуралното здание „Шпански скали“, рече Жерновски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.