Со скандирање „Уа лопови“, Андреј Жерновски и неговите поддржувачи, граѓаните на Центар , револтот за, според нив украдената победа, го изразија пред централниот штаб на неговиот противкандидат Владимир Тодоровиќ.
На Тодоровиќ му покажаа црвен картон, но него никаде го немаше за да ги види и да ги слушне нивните барања и да ја прекине изборната фарса.
Македонската јавност, рече Жерновски, беше сведок на криминалниот инженеринг кој ја згази волјата на гласачите во Центар.
„Штабот на Тодоровиќ е затворен, а него го нема веќе десет дена. Го прашуваме колку пати треба да изгуби за да му стане јасно дека жителите на Центар сакаат да си замине. Црвениот картон е сигнал дека во недела ќе завршат изборите“, рече Жерновски.