Во шестмесечното постоење на Комисијата за дискриминација поднесени се 43 претставки од кои 41 се решени.
„Законот е нов, луѓето немаат познавање за него и граѓаните не поднесуваат многу жалби“, вели адвокатката Александра Тасевска, застапник на Шелтер-центарот.
Од веќе поднесените, најмногу од нив се однесуваат на работните места. По етничка припадност поднесени се 11 претставки, по припадност на маргинализирана група 8, дискриминација по основа на пол 5 претставки, додека по припадност на маргинализирана група 8 претставки.
За период од 6 месеци, од ноември 2012 до мај 2013, пред судовите се поднесени само претставки за мобинг.