Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓаните се задушуваат, надлежните се повикуваат на процедурата

0
By Менче Атанасова Точи on December 16, 2013 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скопје и Тетово се најзагадени градови, покажуваат најновите податоци на Министерството за животна средина. Состојбата е особено аларманта во главниот град. Многу високо ниво на опасните честички ПМ 25 и ПМ 10, измерени се во Скопје и Тетово и денеска се најзагадени градови, а состојбата во главниот град е веќе Скопје во општина Центар, а ПМ 10 во енормно големи количини измерени се во Лисиче и на мерната станица кај Ректоратот.

Но, она што е исто така загрижувачки, е што за поголемиот дел од државата нема податоци за состојбата со загадувањето на воздухот, бидејќи или нема мерни станици или посточките не функционираат. Шести ден граѓаните се задушуваат, загаденоста во Скопје е над дозволеното. Надлежните дури пред два-три дена излегоа со препораки граѓаните да не престојуваат на отворено, да не проветруваат и да не ги користат автомобилите ако не е неопходно.

Но, конкретни и ригорозни мерки сеуште нема. Надлежните чекаат да поминат десет дена, а доколку загаденоста и понатаму е на критично ниво и го загрозува здравјето на граѓаните велат дека ќе се применат поригорозни мерки за безбедност.

Министерот за животна средина, Абдулаќим Адеми денеска изјави дека големите загадувачи како Макстил, Скопски легури и Окта не работат од 28 ноември, Инспекцијата утврдила дека енормно високото ниво на загадување доаѓа од сообраќајот, од малите фирми и од домаќинствата.

-Загадувањето доаѓа од помалите капацитети кои се во надлежност на општините. Другите големи капацитети во овој регион ги исполнуваат еколошките стандарди. Клиничкиот центар се грее со гас, како и некои други капацитети кои досега користеа мазут, сега се греат на гас изјави Адеми.

Тој апелира градоначалниците да бидат поактивно вклучени за надминување на состојбите., а граѓаните да користат поквалитетно гориво за греење и да не ги користат возилата.

– Доколку сега излеземе на булевар ќе видиме дека во секое возило се вози само возачот, не се користи јавниот превоз и не се пешачи. Ако загадувањето доаѓа од сообраќајот треба да бидеме свесни дека возилата треба да ги користиме што е можно помалку во овој период, да користиме јавен превоз. Доколку е од грејната сезона да се користат поквалитетни грејни енергенси,а не нафта и мазут, бидејќи имаат штетно влијание врз амбиентниот воздух, потенцира Адеми.

Доколку квалитетот на воздухот не се подобри во текот на 10 последователни дена, Адеми најави дека ќе се преземат конкретни чекори.

Собранието денеска не го прифати предлогот да се расправа за загадувањето, а претседателот Тарајко Вељановски предложи за оваа точка да дискутираат откако ќе се добие мислење од Владата.

-Мерки за поголема контрола треба да се превземат веднаш, а не да се чекаат денови изјави за НОВА Лиле Поповска претседателката на ДОМ.

Неделава треба да бидат испорачани и ставени во функција два мобилни апарати за мерења и анализи на квалитетот на амбиентниот воздух, со што првпат ќе се докажува поврзаноста на загадениот воздух и загадувачот. Овие апарати ќе бидат поставувани на таканаречените жешки точки во Скопје, но и во другите градови.

Незадоволни и револтирано граѓанските асоцијации за утре е најавија протест со гас-маски на лицата граѓани и активисти на еколошките организации.

Ова на социјалните мрежи го најавија организациите Гоу Грин и Млади за љубов, кои ги повикаа сите граѓани да излезат на утрешните протести во 12 часот пред топларницата на Клиничкиот центар, која се смета за еден од најголемите загадувачи во центарот на Скопје.

Целта на протестите е граѓаните да им упатат порака на загадувачите и на надлежните институции конечно да преземат конкретни мерки за намалување на штетните емисии во воздухот.

Маршот со гас-маски од топларницата на Клиничкиот центар ќе заврши на плоштадот Македонија.

Од Министерството за здравство и Заедничките служби во Клиничкиот блок пак, информираат дека драстично е намалено е загадувањето од топларницата бидејќи 90 проценти функционира на гас. Од Заеднички служби велат дека од петокот се работи на комплетна адаптација на гас, за која се надеваат дека до утре до 16 часот ќе профункционира, а топларницата повеќе нема да загадува.

Податоците говорат дека суспендираните честички ПМ10 се појавуваат по горење на јаглен, гас, нафта, како и на дрво и други биолошки материјали, а најмногу се производ од согорувањето на горивото во автомобилите. Овие честички, се зголемуваат и при секој процес во кој се „подига прашина“, како што се градежни работи и рударство. Овие честички, загадувачи на воздухот, поделени според нивната големина честопати се нарекуваат и ултра-фини и се со големина помеѓу 0.1 и 2.5 или помеѓу 2,5 и 10 микрони (се гледаат под микроскоп) и поголема од 10 микрони кои се видливи со голо око.

Додека дишеме воздух и внесуваме честички, можат да влезат во респираторниот систем и оттаму во алвеолите. Тие подоцна предизвикуваат иритација, а со намалувањето на имунитетот и под влијание на други околности можат да предизвикаат сериозни проблеми, особено кај луѓето со веќе развиени кардиоваскуларни или респираторни болести.

Концентрацијата на честички во атмосферата е тесно поврзано со појавата на болестите па дури и смрт. За секое зголемување од 10 микрограми на кубен метар честички, стапката на смртност се зголемува од 0,5 на 5 проценти.

Загадувањето со честички придонесува за различни болести и состојби: се зголемува бројот на мозочни удари, хронична опструктивна белодробна болести, респираторни инфекции, напади на астма, се намалува функцијата на белите дробови.

Во вакви ситуации се препорачува помалку да се возат автомобилите, да се користи јавниот превоз, да се користи чисто гориво за затоплување на домовите.

Државата треба да превземе ригорозни мерки за да се намали загдувањето, како и високи казни за големите загадувачи

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.