Под мотото “Смрт на фашизмот-СЛОБОДА ЗА СЛОБОДАТА!”, ОДРАЗ, КИСЛОРОД и БУРГИЈАШИТЕ најавуваат собир под назив “15 дена потоа”, во понеделник, во паркот кај Бристол во 20:00 часот.
Како што соопштуваат, 15 дена потоа, ќе бидат презентирани граѓанските активисти кои не само што се бореле само за паркот, туку како што велат, и за слободата во Република Македонија, за враќање на владението на правото и принципите на демократијата.
На настанот според најавата, ќе има видео презентација, говори и за прв пат во живо ќе биде изведена песната која е создадена за борбата за слобода на слободата.

