Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грчките банки ќе се збогуваат со итните заеми од Европската централна банка

0
By Сашка Цветковска on June 28, 2015 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фотографија на ББС: Граѓани чекаат ред да извадат пари од банкоматите
Се очекува Европската централна банка (ЕЦБ) да прекине да им дава итни заеми на грчките банки со цел да ја одржуваат својата ликвидност, јавува ББС повикувајќи се на свои извори во банката.

Изворот на ББС за економскиот уредник на телевизијата потвдил дека е донесена одлука на Управниот одбор да се стави крај на помошта која доаѓа од ЕЦБ со таканаречените ЕЛА кредити или заеми за ургентна ликвидност. Грчкиот министер за финансии во изјава за ББС за оваа вест вели дека „ваквата одлука може да ја оттурне Грција надвор од еврото“ и дека ова ќе е доказ дека „Европа потфрлила паралелно да ги сочува демократските процеси и монетарната унија“.

Грчките банки досега зависеа дневно од средстата кои ЕБЦ им ги даваше во рамки на ЕЛА кредитите. На ЕБЦ и досега и се префрлаше дека тие, всушност, само го одлагаат банкротот на Грција бидејќи банките одамна им се несолвентни, а благодарение на ЕБЦ успеваат да се одржат. Советот на ЕБЦ досега на грчките банки им даде 83 милијарди евра од ЕЛА кредитите.

Претседателот на институтот ИФО Ханс-Вернер Зин минатата недела во интервју за Дојче Веле ја објаснуваше ползата која Грците ја имаат од ЕЛА кредитите во услови кога од нивните банки наголемо се одлева капитал во милијарди евра.

-Занимливо е и што се случува со кредитите за итни случаи. Со нив прво се враќаат кредити кои мора да ги враќа Атина. Така се спасува грчката држава од неликвидност – тоа е значи индиректно финансирање на државата, што според статутот на ЕЦБ не е дозволено. Второ, со тие кредити се пополнуваат дупките во грчките банки кои се создаваат поради одливот на капитал. А со тоа се финансираат и приватни кредити, вели Ханс-Вернер Зин. „Грците дополнително испечатија 115 милијарди евра и преку банките и’ позајмија на приватната економија“, вели Зин во разговорот за ДВ.

Во Грција веќе завладеа хаос пред банките. Вчера илјадици грчки граѓани буквално ги окупираа шалтерите и банкоматите во обид да ги извадат своите средства поради страв од банкрот. Стравот веќе станува оправдан со оглед на најавите од повеќе поголеми грчки банки дека во понеделник истите нема да отворат. Вчера дури се постави и лимит за вадење средства во готово. Од банкоматите можеа да се повлечат најмногу до 1.000 евра, додека од шалтерите најмногу до 5.000 илјади евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.