Грција се подготвува за својот прв генерален штрајк годинава од страна на работниците кои го обновуваат протестот поради мерките на штедење.
24-часовниот штрајк ќе го прекине транспортот, ќе ги затвори училиштата и државните канцеларии, додека болниците ќе работат со персонал само за итни случаи.
Штрајкот е организиран од страна на двата најголеми синдикати, што претставува половина од четири милиони припадници работна сила. Штрајкот доаѓа неколку дена пред меѓународните кредитори да започнат разговори во Атина за следната рата помош за извлекување од кризата.
Земјата е одржувана со помош на милијарди евра од другите земји од еврозоната и исто така од Меѓународниот монетарен фонд.
За возврат, владата воведе бранови на непопуларни кратења на трошоците и зголемувања на даноците, удирајќи врз платите и пензиите, а во исто време зголемувајќи ја невработеноста на повеќе од 26%.