Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ГРЕКО: С. Македонија на задоволувачки начин ги спроведува препораките на Групата земји против корупцијата

0
By Нова ТВ on October 2, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Групата земји против корупцијата (ГРЕКО), независна експертска група на Советот на Европа, во Извештај објавен денеска во Стразбур, оценува дека од 19-те препораки содржани во четвртиот извештај за проценка, посветен на превенцијата на корупцијата кај парламентарците, судиите и обвинителите, Македонија спровела на задоволителен начин девет, осум се делумно имплементирани и две не се спроведени, јави дописникот на МИА.

Генерално, како што стои во заклучоците на Извештајот, направени се забележителни напори од страна на властите да ги променат релевантните законските рамки за оваа проценка. Во некои аспекти, напредокот останува делумен, бидејќи сè уште треба да се решат голем број празнини и останува да се види постојана практична примена на новите правила.

За пратениците, ревидираниот етички кодекс не пропишува конкретно однесување за разни ситуации на судир на интереси и интеракции со лобисти, а неговите одредби за донации не се поедноставени. Санкциите за кршење на Кодексот се проширени, но нивното наметнување е во надлежност на надзорниот орган и нивната сила на одвраќање е дискутабилна и сомнителна. Исто така, додека новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси санкционираше некои прекршоци, други беа изоставени и не беа презентирани убедливи податоци за конечниот исход на постапката во врска со пратениците или за санкциите што се применуваат според санкциите предвидени со правилата.

Што се однесува до судскиот систем, ГРЕКО нагласува дека едно од достигнувањата се однесува на непрофесионалните судии. Може да се очекува проширување на Кодексот за етика за судии и организација на низа насочени задолжителни обуки за зајакнување на нивната непристрасност и интегритет. Друг позитивен развој е воведувањето правила и упатства за прифаќањето подароци, гостопримливост и други придобивки и за судиите и за непрофесионалните судии.

ГРЕКО сепак е особено загрижен што претходните најави за официјално исклучување на министерот за правда од Судскиот совет не се спроведени. Понатаму, и покрај пофалните напори да се разјаснат дисциплинските прекршоци што се применуваат и за судиите и за обвинителите, се оценува дека опсегот на санкции што се применуваат за нив не е проширен за да се обезбеди поголема пропорционалност. Што се однесува до обвинителите, постоењето на повеќе несоодветни правила за однесување, исто така, останува извор на загриженост.

Групата го поздравува значително зајакнатото регулирање на условите за избор, именување и разрешување на Државната комисија за спречување на корупција воведен со новиот закон, кој ќе има потенцијал да ја заживее независноста и професионалноста на ова тело. На хартија, проверката на интересите и средствата е рационализирана и демонстриран е порамномерен пристап во однос на случаите од широк политички спектар. Сепак, останува да се види дали во пракса се случува подетален преглед на изјавите за имотна состојба во однос на трите испитани професионални групи.

Со оглед на постигнатите достигнувања, ГРЕКО заклучува дека сегашното ниво на усогласеност со препораките веќе не е „генерално незадоволително“ во смисла на ревидираното правило 31, став 8.3 од Деловникот на Групата земји против корупцијата. Затоа ГРЕКО одлучи да не го применува членот 32 во врска со земјите членки кои не се во согласност со препораките содржани во извештајот за евалуација.

Согласно со тоа, ГРЕКО бара од шефот на делегацијата на Македонија да достави извештај за мерките преземени за спроведување на препораките кои се делумно спроведени најдоцна до 30 септември 2021 година.

На крајот ГРЕКО ги поканува властите во Македонија што е можно поскоро да го преведат и да го објават преводот на Извештајот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.