Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грета Тунберг на насловницата на „Вог Скандинавија“

0
By Ivana on August 9, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Активистката за животна средина, Грета Тунберг се најде на насловната страница на новото издание на „Вог Скандинавија“, па ја критикуваше „брзата мода“. Младата Швеѓанка вчеравечер ја објави насловницата, каде таа е облечена во голем капут за дожд, во шума и гали еден коњ.

„Модната индустрија во голема мера придонесува за климатските и еколошките кризи, а да не зборуваме за нејзиното влијание врз безброј работници и заедници експлоатирани низ целиот свет за некои да уживаат во брзата мода што многумина ја третираат како за еднократна употреба“, напиша Тунберг на Инстаграм и Твитер.

Таа смета дека не може масовно да се произведува мода, а „да консумираме одржливо“, па затоа е потребна промена на системот. – „Некои во индустријата користат скапи кампањи за да остават впечаток дека се одржливи, климатски неутрални и фер… Но, речиси секогаш станува збор за злоупотреба на зелената слика“, вели Тунберг.

Тунберг во интервјуто за „Вог“ вели дека со години не купила нова облека.

– Последен пат купив нешто ново пред три години, и тоа веќе употребено. Честопати и позајмувам работи од луѓе што ги познавам, рече таа.

Самиот магазин во соопштението наведе дека ги споделува вредностите на младата активистка за одржлив живот и заштита на животната средина. Облеката што Тунберг ја носи на насловната страница е направена од одржливи, рециклирани материјали, објави списанието.  

вог Грета Тунберг мода насловна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.