За само една недела повеќе од двојно е зголемен бројот на заболени од грип во државата соопштуваат од Институтот за јавно здравје.
Во последната недела биле регистрирани вкупно 1715 заболени, вкупниот број на заболени од грип од почетокот на сезоната до сега изнесува 3437 лица.
Најголем број на заболени се регистрирани во Скопје 684 лица, Тетово 593, Струмица 475, Куманово 344 заболени.
Сите се на возраст од 16 до 64 години. Испитаните примероци во Институтот покажале дека во државата е присутен вирусот од тип А, од кои најголемиот дел се заболени од свински грип, како и тип Б.
Лекарите ги загрижува фактот што драстично се зголемува бројот на лицата со тешки респираторни инфекции, а најголем процент од нив се деца до четири годишна возраст.
Пред две недели на Клиниката за инфективни болести почина еден тетовец, како последица на компликации од грип од типот Х1Н1.