Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гркот од аферата Телеком спокојно си гради во Скопје 2014

0
By Сашка Цветковска on February 11, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ако во САД судот пред неколку дена ги отфрли сите приговори на Маџар Телеком во големата корупциска афера во која е вмешана и Македонија, во Скопје наголемо се подготвува теренот кај плоштадот за изградба на хотел и на офицерскиот дом – не од било кој, ами од еден од актерите во аферата Телеком, Грчкиот милијардер Димитрис Кондаминас.

За само 630 илјади евра, Кондаминас доби актрактивно земја од над 6 илјади метри квадратни на плоштадот во Скопје каде со два објекта, домот и хотелот во барок, ќе даде свој придонес во проектот Скопје 2014.

Но, она што Кондаминас го врзува со земјава е и неговото учество во корупцискиот скандал Телеком. Шемата со корумпирани политичари и документите кои ги објавија американските институции во кои беа покренати обвиненија против инволвираните од Маџар Телеком, јасно покажуваат дека вмешаната фирма – кипарската Чаптекс Лимитед е сопственост на Димитрис Кондаминас. Обвинетите од Телеком склучувале лажни договори за консултантск услуги со Чаптекс, а потоа со тие пари се подмитувале македонските политичари и фунционери со цел да се помогне во одржувањето на монополската позиција на Телеком.

Ова е документот обезбеден од Транспаренси Интернешнл – Македонија кои до документот доаѓаат преку Кипарскиот централен регистар

А што се случуваше во Македонија? Обвинителството поведе постапка само против тројца странски државјани за аферата Телеком, директорот на македонскиот Телеком Атила Сендреј, Унгарецот Золтан Кишиус и Германецот Ролф Плат. МВР во кривичната пријава доставена до обвинителството го вклучи и Гркот Михаил Ќефајоланис кој ги правел договорите со кипарските фирми, н,о според информациите од Канал 5 од Ноември, Обвинителството не го гони Ќефајоланис.

Нема ниту едно обвинение против било кој македонски политичар од тој период кој примил поткуп. Во тоа време ВМРО ДПМНЕ е во опозиција, а СДСМ на чеко со Владо Бучковски како премиер е власт. Но, кој се се поткупувал? И што е она што за америнанското обвинителство е видливо, а за македонското невидливо? Транспарентност Интернешнл – Македонија со документите од САД и нивните истражувања на следниот линк ја илустрираат целата корупциска шема. На овој линк може да се прочита целата нивна анализа.

“Судовите во САД дадоа многу прецизни податоци и ние како Транспаренси успеавме да докажеме која личност стои зад сите фирми во Кипар преку кои се вршеле исплатите. Тоа биле лица во власта затоа што тоа токму така е и напишано во документите во САД, дури некој ги предупредил дека ако нема средства и за опозицијата нема ништо од договорот, па се обезбедиле и такви средства. Тие што тогаш биле опозиција, денеска се на власт. Тие тоа денес го заташкуваат. Очигледно е дека тој човек таму од Грција им давал на сите”, вели Тасева.

Речиси 5 милиона евра поткуп примиле македонски функционери од Телеком во тоа време за да го одржуваат подолго монополот во телекомуникациите во земјава, со што бил сериозно оштетен јавниот интерес.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.