Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грковска го повика Османи да каже дали Бесмира Ејупи е вработена во МНР

0
By Sashko on September 7, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи Бујар Османи да каже дали 28-годишната презентерка и несудена конзулка во Њујорк, Бесмира Ејупи, е вработена во Министерството за надворешни работи, повика вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска.

„Министерот за надворешни работи има обврска да биде транспарентен и да ја информира јавноста дали таа личност е вработена во институцијата, во каква постапка и зошто е токму таа избрана за таа позиција“, вели Грковска во изјава за „Дојче Веле“.

Премиерот Димитар Ковачевски пред неколку дена посочи дека одговорите за ова прашање треба да се бараат во Министерството за надворешни работи.

„Јас гледам во континуитет, и тоа што не ми се допаѓа е една висока доза шовинизам од страна на опозицијата, особено насочена кон жените, тоа во континуитет се случува и тоа не е добро“, изјави премиерот.

Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски вчера на новинарско прашање најави дека ќе го повика шефот на дипломатијата Османи да реферира пред Комисијата за случајот со Бесмира Ејупи.

„Ова прашање предизвика големо внимание, ние како Комисија за надворешна политика ќе направиме напор министерот Османи да реферира пред пратениците за случајот на Бесмира Ејупи колку е квалификувана да работи во МНР, дали има трговија со влијание за нејзиното вработување и дали била негов предлог за конзул што потоа бил повлечен, но дали била формално предложена да биде конзул во Њујорк како претставник на Македонија. Тоа ќе го направиме и се надевам дека пратениците од мнозинството ќе не поддржат за еден ваков надзорен состанок каде што министерот би информирал за овој случај“, рече Милошоски.

Во членот 9 од „Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата“ се вели дека „носителите на извршни функции одговараат неселективно, навремено и аргументирано на прашања и коментари на јавноста за сите аспекти од своето работење и работењето на својата институција“. Ако не се добие транспарентен одговор на прашањето дали Ејупи е вработена во МНР, вицепремиерката Грковска ќе треба да преземе мерки од нејзина надлежност, согласно со етичкиот Кодекс.

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) отвори предмет по допрен глас за случајот и почна проверка на податоците од институциите во врска со објавени информации дека на  Ејупи ѝ биле извршени 39 трансакции од страна на буџетски корисници. Комисијата тогаш отвори постапки за гонење на одговорните лица на општините Петровец, Сарај, Брвеница и Чаир и Државното правобранителство, за склучените договори за дело со Ејупи, која врз основа на договори за дело добивала пари од четири општини и од една државна институција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.