НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грковска: Пречките на патот кон ЕУ се силен фактор за инертност на институциите

0
By Ана Василевска on October 19, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За жал, обременетоста со историјата на конфликти и сите надворешни и внатрешни фактори кои на овој или на оној начин профитираат од тој наратив и ден денеска се сопирачка која ги отежнува позитивните процеси кон кои сме насочени и посветени. Директно тоа влијае на динамиката на нашето пристапување во ЕУ иако самата Унија е основана за да стави крај на историските раздори на европско тло во име на иднината и подобра перспектива за сите граѓани на европско тло, истакна вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска на Втората регионална експертска конференција за Кластер 1 „Основни вредности“ во рамките на проектот „Правдата нека владее со регионот“.

-Од друга страна, големото одолговлекување на нашиот европски пат, бројните објективни но и тенденциозно креирани кризи ја оневозможуваат и неопходната културолошка промена кон која тежнееме сите ние што сме посветени на борбата со корупција, особено во поглед на толеранцијата во општеството кон овој феномен. Во таа насока сметам дека насловот на денешниов настан и на самиот проект „Правдата нека владее со регионот“ е навистина соодветен, бидејќи има елемент на заповед која мора постојано да си ја даваме на себе како носители и учесници во овие процеси на различно ниво за да истраеме во реформските заложби, да ги надминеме бројните пречки и предизвици со кои сме соочени, а од друга страна повикот за правдата да владее со регионот за мене е и крик против секоја форма на нанесена неправда а која ги загрозува искрените стремежи на европски ориентираната јавност, рече Грковска.

Вицепремиерката нагласи дека е свесна дека кога состојбата во која механизмите за владеење на правото се недоволни или неефикасни, ја храни корупцијата и ја продлабочува дискриминацијата и влијае на стабилноста. Но, како што потенцира, свесна е и дека децениското вкоренување на коруптивните практики не може да се излечи и да се надмине толку брзо колку што би сакале ние.

-Ниту пак, лесно можете да ги изградите капацитети ако на вашите напори му претходело владеење кое целосно ги заробувало и разградувало институциите и кое не само што направило дискунуитет во реформите започнати после конфликтот од 2001 година, туку ве симнало драстичен број скалила на листата на слобода на медиуми, човекови права, транспарентност до крајни граници. Денеска истите тие цинично го препишуваат на денешната Влада сето она што тие свесно и плански го уништија и сметаат дека актуелните кризи и пречки ќе го избришат злоделото кое ја изолираше и свесно ја уназади државата. Простете што можеби звучам малку гневно, но од позицијата на која сум многу добро знам кои се болните точки и колку е тешко тие да се надминуваат во услови на константни и комбинирани кризи. Не може да се негира ниската доверба во институциите, особено во правосудството. Во една мала земја како нашата очигледно тешко е да се исфрлат од  употребата на тефтерчињата, рече Грковска.

Грковска потенцира дека холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, кој е меѓу учесниците на конферецијата, често знае да е критичен, особено во поглед на правосудните реформи и посочи дека неговите критики се издржани.

-Тој знае дека во најголем дел се согласуваме и секогаш отворено и искрено дискутираме. Уште повеќе ако имаме предвид дека Холандија е посветен и директен поддржувач на овие процеси. Но, и во оваа прилика ќе кажам пречките на патот кон ЕУ се навистина силен фактор за инертност на институциите. Неизвесноста, неодлучноста, акумулацијата на незадоволството во јавноста поради чувството на неправда е совршена атмосфера за пораст на други недемократски и авторитарни влијанија кои меѓу другото ја намалуваат и поддршката за членството во ЕУ и ова мора да го сопреме заедно со нашите европски пријатели. Ќе повторам, ова е процес којшто не се случува само во нашата земја, туку и во регионот, наведе вицепремиерката.

Грковска рече дека земјите од регионот можеби се мали, тешки и комплицирани, но како што потенцира, во ова ризично воено и ужасно време не смееме да дозволиме европската ориентација на нашето општество која беше речиси акламативна да се претвори во дезориентација со ризични импликации.

-Мора да си признаеме дека состојбата со човечки ресурси е незавидна и дека можеби ни е потребна директна поддршка и во сферата како што е образованието. Ако студентите велат дека безбројните правни факултети низ земјата не испорачуваат квалитет, тогаш зошто некој од нашите пријателски и демократски најразвиени земји не не’ зајакне со отворање на квалитетни странски студии во земјава за право, добро управување и слично. Овој пример беше спомнат на неодамнешниот форум на жени лидери од ЈИЕ за добро владеење и антикорупција и сметам дека добро ја отсликува комплексноста на борбата со корупцијата, дека таа мора да биде зајакната на многу полиња од училишта до обвинителска клупа од почеток до крај, а тоа се вредносни прашања за кои нема инстант решенија особено во нашиот контекст, рече Грковска.

Таа апелира да не се отстапува пред разочарувањата, да не се прекинува поддршката и заедно да ја продолжиме борбата за, како што рече, подобар, поквалитетен живот на сите луѓе во регионот во вистинска и обединета Европа.

На регионален експертски дијалог се разменуваат национални практики и знаења кои ќе придонесат за создавање и усвојување препораки во насока на подобрување на условите во оваа област.

Се очекува да биде развиен документ со споредливи резултати и конкретни предлози за јавни политики упатени до клучните актери во процесот на пристапување во ЕУ.

Конференцијата е во рамки на проектот „Правдата нека владее со регионот“ поддржан од Кралството Холандија (MATRA), а со своите активности за следење на преговарачките прашања опфатени со Кластер 1, има за цел да придонесе кон реформите во правосудството, безбедноста, превенцијата и борбата против корупцијата, како и за други прашања од витално значење за ЕУ-интегративните процеси во државава, во Србија и во Албанија.

ЕУ Интеграци Славица Грковска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.