И официјално раскинување на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, останување во опозиција и самостоен настан на наредните парламентарни избори. Ова се заклучоците од вчерашниот Централен одбор на партијата на кој се дебатирало по неколку важни точки за идното дејствување на ГРОМ.
„Пo исцрпна дебата, Централниот одбор донесе одлука за раскинување на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението од ГРОМ.
Од партијата нагласуваат оти ќе продолжат да дејствуваат како опозиција и во наредниот период ќе се подготвуваат за самостоен настап на наредните парламентарни избори.
Ваков епилог и се насетуваше по неодамнешната изјава на претседателот на партијата и градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски дека по 99 месеци ја раскинува коалициската соработка со ВМРО-ДПМНЕ за што директно го обвини Христијан Мицкоски.