Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грција излегува од криза но Грците се уште не

0
By Нова ТВ on January 27, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По девет години криза во Грција, земјата излегува од економските и финансиски неволји.

Според Клаус Реглинг, генералниот директор на Европскиот механизам за стабилност, Грција “повеќе не е во криза”, изјави тој пред неколку дена по средбата на министрите за финансии на евро-зоната, пренесува агенцијата АФП.

Клаус Реглинг

Со самото тоа, Грција се надева дека ќе започне со преговори за намалување на националниот долг кој во 2017 година изнесува 178 отсто од бруто внатрешниот производ. Минатата година Грција за прв пат имаше вистински економски раст од 1,3 отсто а економистите очекуваат дека во 2018 година тој ќе изнесува 2 отсто.

“Беше вистинско задоволство да се сретнам со премиерот Алексис Ципрас во Давос и му честитав за напредокот на неговата земја”, изјави Кристин Лагард, генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Тонот на кредиторите е денес помирен отколку што беше во јануари 2015 година кога Ципрас дојде на власт. Неговата лево радикална програма беше против плановите за кредити и бараше од кредиторите пари за да може Грција да ги спроведе реформите што во 2010 година ги побараа ЕУ и ММФ.

Грција се надева дека во август ќе биде крај на плановите за заздравување на економијата. Третата ревизија на актуелниот план или програма ќе и дозволи на Грција да добие 6.7 милијарди евра од февруари до април.

Многу Грци можат да се најдат на улица

Но за да ги добие овие пари, владата на Ципрас ќе мора да покаже ефикасност во примената на новиот систем на продажба на недвижнините на задолжените Грци преку наддавање на интернет.

Во 2015 година за време на изборната кампања, еден од слоганите на Ципрас и неговата Сириза беше “Ниту една куќа кај банките”. Но, кога дојде на власт не можеше да избега од притисокот на меѓународните позајмувачи кои денес оваа продажба ја поставуваат како услов за нови заеми за грчката држава. Над 10.000 продажби се превидени годинава и 40.000 годишно во наредните три години.

Станува збор за куќи купени со кредит што денес новиот сопственик не може да го враќа бидејќи останал без работа. И што е најлошо, државата не предвидува никаква помош за лицата што се овие продажби ќе се најдат буквално на улица.

Така што денес може да се каже дека Грција излегува од криза но Грците се уште не.

Анкети: Сириза ќе ги загуби изборите во 2019 година

Со овие мерки, анкетите на јавното мислење во Грција покажуваат дека владеачката партија на премиерот Алексис Ципрас ќе ги загуби наредните избори во 2019 година. Изборите би требало да ги добие десната Неа Демократија. Но изборите во Грција се закажани за октомври 2019 година а дотогаш уште многу вода ќе протече низ грчките мориња.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025

Гори небодерот на „Вјесник“ во Загреб: Гаснењето ќе трае цел ден, без опасност од уривање

November 18, 2025

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025

Гори небодерот на „Вјесник“ во Загреб: Гаснењето ќе трае цел ден, без опасност од уривање

November 18, 2025

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.