Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грција пред огромна афера: Лаура Ковеши го истражува Мицотакис – Брисел бара итни одговори од Атина пред изборите на 21 мај

0
By Соња Крамарска on April 4, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Канцеларијата на европското јавно обвинителство (ЕППО) започна истрага за употреба на нелегален шпионски софтвер „Предатор“ во скандалот со прислушувањето што ја потресе грчката политика, пренесе ексклузивно „Еурактив“.

Неколку извори потврдија за „Еурактив“ дека по барање на Европскиот парламент, е започната истрага за нелегалниот извоз на шпионскиот софтвер Predator од Грција во земјите во Азија, Африка и на други места, како и за наводите дека компаниите вклучени во случајот, затајувале и данок.

Информациите кои ги принудија на акција европските власти дојдоа од неколку истражувачки новинари од Грција, кои го обелоденија скандалот со прислушувањето во Грција, според нив наредено директно од премиерот Киријакос Мицотакис, што тој негира. Тие сега одат чекор понатаму и тврдат дека и продажбата на шпионскиот софтвер со кој грчката влада ги прислушувала своите неистомисленици, на трети страни, се одвивала во режија на Мицотакис и неговите луѓе.

„Лицата кои сведочеа пред обвинителите доставија докази кои докажуваат дека администрацијата на (премиерот) Киријакос Мицотакис го олеснила ширењето на шпионскиот софтвер Predator во земји како Саудиска Арабија, Судан, Мадагаскар и Бангладеш со давање дозволи за извоз преку грчкото Министерство за надворешни работи“, вели „Еурактив“.

Грчката влада, на почетокот, негираше каква било вмешаност. Но, подоцна, владиниот портпарол Јанис Оиконому призна дека Министерството за надворешни работи ги доделило овие лиценци и рече дека е започната истрага дали сите пропишани процедури биле правилно следени.

Во известувањето се вклучил дури и Њујорк Тајмс, со што на европските власти не им преостанало ништо друго освен да почнат да поставуваат прашања до Атина.

Грчката влада засега одбива да соработува.

Во меѓувреме, Јанис Смирлис, поранешниот генерален секретар на грчкото Министерство за надворешни работи, кој ги потпиша нелегалните дозволи за извоз на шпионскиот софтвер, поднесе оставка кон крајот на декември и брзо беше назначен за заменик директор на владејачката партија Нова демократија (ЕПП) пред општите избори во мај.

На правно ниво, обвинителката на ЕУ испитува дали грчката влада ја прекршила регулативата за производи за кои е потребна посебна дозвола за извоз бидејќи тие може да се користат за да предизвикаат штета. Според Репортери Јунајтед, грчка мрежа на истражувачки новинари, акционерите на фирмата која го произвела шпионскиот софтвер се наводно блиски со внукот на Мицотакис, Григорис Димитријадис, кој до август 2022 година беше и генерален секретар на кабинетот на премиерот.

И Димитријадис и тогашниот шеф на тајните служби поднесоа оставки откако беше откриено дека Никос Андрулакис, европратеник и лидер на социјалистичката партија Пасок, бил прислушуван во 2021 година од грчката разузнавачка служба. Мицотакис јавно рече дека не знае ништо за ова прислушување, но опозицијата го потсети дека еден од неговите први потези на почетокот на неговата премиерска функција беше да ги земе тајните служби под негов директен надзор.

Друг извор изјавил за „Еурактив“ дека информациите добиени од тимот на обвинителката на ЕУ Лаура Ковеши во Атина откриваат „огромно затајување данок“ од компаниите вклучени во скандалот со прислушувањето.

„Непријавените плаќања, лажните фактури и триаголните трансакции се некои од сериозните даночни злосторства што се чини дека ги извршиле грчките компании Intellexa и Krikel, ирската компанија Thalestris и кипарските компании поврзани со нив“, навел изворот. „Стотици лажни фактури и даночни извештаи се доставени до европската обвинителка за да се документира измамата и загрозувањето на интересите на ЕУ“, додаде изворот.

Истрагата на Ковеши се одвива во соработка и со грчкиот истражувачки новинар Танасис Кукакис – првата потврдена жртва на Predator во Грција – кој откри дека уште во пролетта 2022 година, бил контактиран од канцеларијата на обвинителката.

„Досега новинарската истрага напредуваше до тој степен што вклучувањето на Европското обвинителство беше императив. Главно поради релевантните барања на Европскиот парламент“, изјавил Кукакис за „Еурактив“. Тој додаде дека неговата „единствена резерва“ се однесува на подготвеноста на грчките правосудни и обвинителски власти доброволно да соработуваат со Ковеши.

„Овој случај ќе биде прв тежок тест за квалитетот и длабочината на соработката на европското обвинителство со грчките даночни власти“, истакнал грчкиот новинар.

Истражувачкиот комитетот на Европскиот парламент ги повика грчките власти да го решат скандалот со прислушувањето пред изборите закажани за 21 мај.

Вчера, пак, водачот на Пасок, Андрулакис, му рекол на грчкиот обвинител дека процесите треба да се забрзаат. „Овој случај нема да биде застарен ниту политички ниту кривично. А одговорните нека бидат сигурни дека целосно ќе ги преземат своите одговорности“, рекол Андрулакис.

Извор: Еурактив

Подготви: С.К.

Киријакоц Мицотакис Лаура Ковеши шпионски софтвер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.