На прашањето на НОВА дали луѓе од партијата ДУИ разговарале со Груевски, Артан Груби, шеф на кабинетот на претседателот Али Ахмети, отсечно одговори – “не, немало такво нешто”.
НОВА побара реакција од ДУИ на денешната изјава на Никола Груевски во која тој вели дека ДУИ “ќе изврши замена на своите кадри, на што секако има право” откако завчера ДУИ ги повлече своите министри од Владата.
- Не сум имал средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, но не значи дека нема да се сретнеме. Не е точно дека во Владата се останати само ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во Владата е и ДУИ, како што сум информиран, таа партија ќе изврши замена на своите кадри, на што секако има право, изјави Груевски на прашањето на Телма дали како лидери на партии се сретнал со Али Ахмети за решавање на политичката ситуација во која во Владата останаа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и на прашањето дали очекува враќање на ДУИ во владиниот кабинет.
Груби за НОВА изјави:
- Дали ќе има или ќе нема министри за тоа одлучува Ахмети а не Груевски.