Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски: Имаме проблем да се воспостави дијалог за името

0
By Нова ТВ on July 25, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ставот на македонската влада кон решавањето на проблемот со Грција околу името останува непроменет.

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со решение кое задира во Уставот, идентитетот, јазикот и културата на Македонија, одговори премиерот Никола Груевски на пратеничко прашање на Ивон Величковски од ЛП.

Величковски со забелешка дека по последните раздвижувања се разбрало дека ставот на државните сегменти во однос на името е различно, па така ставот на претседателот Иванов е Република Македонија ерга омнес, ставот на министерот за надворешни работи не можел да се насети, а претседателот на најголемиот партнер на владата ДУИ, Али Ахмети обелоденил дека официјален предлог од медијаторот Метју Нимиц е Горна Македонија.

Тој рече дека потврда за тоа сме добиле и од потпретседателот на ДУИ Изет Меџити, кој вели и дека тој предлог за нив е прифатлив.

„Иако во многу наврати сме кажале, нашиот став е истиот непроменет од она што стои во нашата изборна програма, во кој велиме дека ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со решение кое подразбира каква било промена на Уставот, решение кое задира во идентитетот, јазикот и културата на македонскиот народ. Нема да прифатиме промена на името предложена од еден политичар, и посебно без референдум на кој би се изјаснил народот”, одговори премиерот Никола Груевски на седницата за пратенички прашања.

Според него, Нимиц дава повремено некои идеи за тоа како да се надминат разликите, а „оној момент кога ќе мислиме дека треба неговите идеи да се споделат со јавноста, тогаш ќе кажеме. Сe додека сметаме дека со обелоденување на предлозите ќе направиме повеќе штета на процесот, тоа нема јавно да го соопштиме”.

На дополнително прашање на пратеникот Величковски, дали се преговара за уставни промени или за промена на референцата ПЈРМ, Груевски рече дека одговорот веќе го кажал, но дека главен проблем сега е што нема дијалог со грчката страна.

„Главниот проблем во овој момент е што и ние и медијаторот имаме проблем да се разговара, да се воспостави дијалог. Кога имаме можност за дијалог, тоа е секогаш во рамки на она што претходно го кажав. Нема да се дозволи промена на Уставот со цел промена на уставното име, ниту преговори за идентитетски прашања”, рече Груевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.