Врие пред штабот на ВМРО ДПМНЕ во Кичево. Граѓани од Кичево за Нова велат дека за време на денешната посета на премиерот Никола Груевски, пред штабот на партијата се собрале стотици граѓани незадоволни поради победата на ДУИ во општината. Насобраните граѓани го исвирклае премиерот.
Читателка од Кичево во разговор со НОВА не информира дека во Кичево навистина нешто се случувало, а целиот центар на градот бил блокиран.
“Цел центар е блокиран, има обезбедување, полиција, а пред штабот има куп народ кој скандира Кичево е македонски град”, вели жителка на Кичево за Нова.
И покрај сведоштвата дека полиција навистина има, портпаролот на МВР, Иво Котевски, во разговор со Нова тврди дека полицијата нема сознанија за таков настан во Кичево.