https://www.facebook.com/NovatvWeb/videos/959707177513345/
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во обраќањето на прес конференцијата во Штабот на нивната партија појасни дека следуваат целосни анализи за овие избори, но одговарајќи на новинарско прашање дали размислува да даде оставка, воопшто не одговори прецизно: Кажав што имав во врска со тоа- по завршување на изборите, ќе се извршат анализи. Груевски ја спомена и сопствената одговорност:
-Јас како претседател на партијата секако дека имам највисока одговорност за изборните резултати.
Груевски ги оцени изборите дека поминале во недемократска атмосфера и биле креаирани нефер услови на изборната кампања:
“Во предизборите имаше физички пресметки, убиства, притисоци, закани. Од официјални држани органи имаше закани врз нашите кандидати за градоначалници. Се креираше атмосфера на страв и заплашувања, со која се трудеа да влијаат врз луѓето и нивната демотивираност. полицијата беше главен заштитник и поддржувач на овие активности и таа беше ставена во партиска функција”, изјави меѓу другото Груевски.

