„Ние како ВМРО-ДПМНЕ постојано се обидувавме нешто да направивме, ги баравме за да се придвижи работата на комисијата за 24 декември, зашто извештајот е 99,9 отсто завршен и да не беше врќањето на Бранко Црвенковски, следуваа да се усогласат само ситни финеси и тој да се изгласа“, изјави денеска премиерот Никола Груевски.
„Се уште се надевам дека во наредните денови ќе се најде решение, но веќе и нема многу време зашто истекуваат роковите и последиците подоцна доаѓаат. Како партија нема да останеме неми набљудувачи на овие последици и доколку во наредните денови не се најде решение, ќе размислиме за нови чекори и нови стратегии кои ќе бидат сосема различно од она што е сега“, рече Груевски во село Ростуше, каде што претходно отвори спортска сала.
Груевски пред новинарите не откри што подразбира под нови стратегии, различни од она што е сега.