Откако лидерот на СДСМ Зоран Заев по разговорите со премиерот Груевски изјави дека засега се работи за неуспешни преговори, Груевски објави дека не е прифатливо барањето на СДСМ за техничка влада.
-Разговорите поминаа во коректна атмосфера и се течеше добро, но некаде на крајот на разговорите господинот Заев побара техничка влада.
Тоа е нешто што ние не можеме да го прифатиме, бидејќи сега скоро формиравме влада.
Мене ми личи дека некој го посоветувал ова да го бара, ова формирање на техничка влада, додаде Груевски.
На прашањето на новинарите на кого мисли дека е советникот на Заев, Груевски изјави дека не може да каже.
Груевски додаде дека биле на раб да формираат преговори тимови и му изгледале разговорите конструктивни, се додека не дошло барањето за техничка влада.
Премиерот не одговори на прашањето дали е можно да седнат на маса и да продолжат – изјави дека не може да оцени каква би била иднината на преговорите.