Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски: Опозицијата се противи на градење болници и школи

0
By Нова ТВ on July 28, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Продолжете да работите на она што е најважно, а тоа е зачувувањето на врските со Македонија, зачувувањето и промовирањето на македонскиот национален и културен идентитет. Бидете сплотени и чувајте ја традицијата, македонските песни и фолклор и пренесувајте им ги македонските обичаи на помладите, им порача синоќа премиерот Никола Груевски на македонските иселеници на затворањето на Четвртата Годишна конференција на Обединетата македонска дијаспора, кој доби награда од нив.

На гала вечерта на која му беше доделена награда, Груевски истакна дека македонските иселеници имаат право да знаат, но и обврска да бидат вклучени во процесите што се случуваат внатре во Македонија.

– Република Македонија денеска е самостојна и демократска држава и таа не е само држава на граѓаните кои живеат во неа, туку матична држава и на Македонците од целиот свет. Сите заедно мораме да работиме за да успееме. Затоа како премиер и Влада сме силно фокусирани и воведуваме активности кои и овозможуваат на дијаспората повеќе работи, рече Груевски.

Одлуката да и се даде право на глас на дијаспората, Груевски ја оцени како придобивка во подигнувањето на правата на иселениците.

– Сметам дека оваа одлука е од непроценливо значење и силно верувам во нејзината исправност, нагласи Груевски.

Тој изјави дека Владата останува посветена на евроинтегративните процеси и оти нуди конкретни иницијативи за решавање на прашањето со името со јужниот сосед.

– Членството во Европската унија и полноправно членство во НАТО е нешто што го посакуваме пред се поради бенефитот на граѓаните. Македонскиот напредок е забележан од сите меѓународни институции. Остануваме посветени на нашите европски и евроатлански интеграции, нудиме конкретни иницијативи и чекори да го решиме отвореното прашање со јужниот сосед кое е единствена наша препрека да овозможиме дијалог и решение за кое задолжително ќе решаваме на референдум, рече Груевски.

На Македонија двапати и се случила неправда во Букурешт, но тоа не треба да обесхрабрува и демотивира, рече тој.Осврнувајќи се на случувањата во државата, Груевски оцени дека има структури кои забораваат на државните и националните интереси, а патриотизмот го сметаат за ретрограден.

– Има луѓе кои се противат на создавањето и градењето на објекти и одбележувањето на македонските херои, на изградбата на училишта и болници и повеќе сакаат да рушат, претставувајќи го рушењето, а не градењето како основна политичка платформа. За сите оние кои критикуваат би им порачал дека ова што го работиме, го правиме затоа што имаме поддршка од народот, од мнозинството граѓани и таа ни е најважна.

– Народот седум пати по ред ни ја даде таа поддршка и истовремено најдобро ги демантира сите овие неосновани критики. Ние секогаш сме подготвени да ја побарале подрршката и доверата од народот за одбрана на нашите политики и позиции во услови кога се работи за вистинските правци и определби од државно значење, потенцира премиерот Груевски во своето обраќање пред македонските иселеници.

На гала вечерта наградата за животно дело му беше врачена и на Атанас Коларовски на неговиот ангажман околу промоцијата на македонскиот фолклор.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.