Проблемите на СДСМ внатре во партијата директно ќе се рефлектираат на проблеми во државата и тоа сериозни проблеми. Се надевам дека ќе се најде начин СДСМ внатре во партијата да се консолидира, да се договорат и да имаат едно водство во интерес на државата, потенцира денеска премиерот Никола Груевски.
Премиерот истакнува дека со двојното и тројно раководење не само што СДСМ ќе има проблеми, туку ќе има и државата.
>>Груевски: Се врати сеништето и Комисијата запре со работа
Тој посочи дека нерешавањето на прашањето со Комисијата ќе се рефлектира во следниот извештај на ЕУ, а во крајна линија може да резултира и со недобивање препорака за почеток на преговори.
Според Груевски во СДСМ еден човек издава една команда, а се случува нешто друго, а и тој самиот не знае што му се случило зошто тој вели да одат на десно, а тие одат на лево.
„Мене ми е жал што е тоа така, особено затоа што не можеме да завршиме некои значајни работи што се важни за државата и тоа што земјата може да има последици“, изјави премиерот Груевски.