Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски: СДСМ сака во недела да го напушти гласањето

0
By Нова ТВ on April 25, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателoт на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање во денешното обраќање.

-За мене денешниот ден, беше пријатен бидејќи имав средби со два крупни инвеститори кои деновиве го објавија отворање на огромен број на нови работни места во Македонија и кои ми ги презентираа нивните понатамошните планови.

Сепак моето обраќање е со цел да се обратам до сите граѓани и уште еднаш да ги повикам, масовно да излезат и да гласаат за онаа политичка опција во која веруваат и која ја поддржуваат, опцијата која веруваат дека ќе донесе најмногу успеси и напредок на Македонија, без притоа да прифаќаат нечиј притисоци, уцени или закани, во случај да ги има.

Во недела пред сите нас партиите и политичарите, треба да победи Македонија. Треба да победи демократијата.

Зад параванот секој е сам и само тој одлучува за кого ќе гласа и кому ќе му ја довери својата доверба и тоа е само негово право и ничије друго и не е обврзан никому да му дава отчет или информација за неговото право.

Гласањето е тајно, одлуката ја носи народот.

Деновиве и до мене допреа информациите од различни загрижени граѓани, дел од нив членови на СДСМ, за деструктивното сценарио кое се разгледувало од страна на Заев и неколкумина негови соработници, за свесно и намерно креирање проблеми во изборниот процес во недела, кои би биле алиби за поголем број поплаки до ДИК, а тоа пак алиби во текот на изборниот ден да издадат наредба нивните претставници да ги напуштат гласачките места.

Реализацијата на едно вакво сценарио би и направило голема штета на Македонија и на целиот народ, не само на патот на евроатланските и европски интеграции, туку и на економски и секаков друг план.
Тоа сценарио може да го посакува само некој кој не и мисли добро на Македонија.

Последиците би биле далекусежни. Според толкувањата мотив за ова би била намерата на Зоран Заев да не ги признае изборите, што и се наслутува од денешната негова прес конференција, со цел да остане претседател на СДСМ.

Јас не се мешам во тоа дали тој или друг ќе биде претседател на СДСМ, но апелирам, таа битка да не биде на грбот на народот и на грбот на државата. Впрочем ВМРО-ДПМНЕ се согласи и ги прифати сите можни барања на СДСМ за промена и прилагодување на изборниот закон со цел да имаме мирни, фер и демократски избори како што заслужува и посакува секој во државата.

ВМРО-ДПМНЕ и институциите во државата ќе направат се што е потребно и е согласно закон, да се обезбеди мирен изборен ден, на кој народот слободно и демократски ќе ја изрази својата волја.

Убеден сум дека и сите во граѓани во државата ќе допринесат кон тоа, со масовно излегување и искажување на сопствената волја. Недела нека биде празник на демократијата. Во недела вечер најголемиот победник да биде Македонија и сите граѓани во неа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.