„Конечно вчера руската влада го прифати проектот и објави потпишување. Со Русија имаме се’ подобри релации, што е меѓудругото и резултат на наш ангажман во тој правец, после долг период на неоправдано запоставување на односите со оваа земја“, вели Премиерот Груевски во интервју за Нетпрес.
„Не мислам дека има некои суштински причини или скриени намери за Јужен Поток. Русија е голема држава и некои работи одат побавно отколку што ние очекуваме. Но, нема задна намера“, одговара Груевски на прашањето за непотпишувањето на гасоводниот проектот Јужен Поток со Русија.
„Најважно е што се заврши се’ што требаше и што самата Влада на Русија го објави тоа и закажа потпишување наскоро. Тоа е историски чин за нас, и за нашите меѓусебни односи. За Македонија овој нов гасовод ќе обезбеди долгорчна енергетска сигурност, и сега и планираната внатрешната градба на мрежа на гасна инфраструктура добва поголема смисла“, смета премиерот.