Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски vs Петковски- на суд за клевета

0
By Нова ТВ on July 2, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска на суд одат премиерот Никола Груевски како тужител на претседателот на НСДП, Тито Петковски, за клевета затоа што во октомври минатата година за неделникот Фокус изјавил дека “Груевски со официјално писмо до генералниот секретар на Обединетите Нации во 2008 предложил новото име да биде Република Македонија – Скопје.

Тоа се измислени факти, се вели во во тужбата на премиерот, во која се бара Петковски да плати отштета во висина од 15 илјади евра за нанесување штета на честа и угледот на Груевски.

-Мојот предлог Груевски јавно да соопшти, односно да го повтори својот став од 2008 година, Груевски го доживеа како штетно по неговиот углед и чест.

Особено што тужителот секогаш изјавува дека нема да прифати ниту едно решение за проблемот на името без спроведување референдум. Повредата на честа и угледот „кај тужителот предизвика јака душевна болка која може да се излекува само со 950 000 денари или со 15 000 евра.

Се разбира, таквата душевна болка нема наод на вешто лице – психијатар. Искрено, се до овој момент живеев во убедување дека парата не ја лечи душата, изјави на прес Петковски.

Тито Петковски вели дека Груевски продава лажен патриотизам наместо да ја обедини нацијата и државата барајќи консензус за прашањата од национален интерес и го повотри својот став дека додека Груевски е на власт, Македонија нема да влезе во Европската Унија и НАТО.

Непосредно по прес- конференцијата на Петковски од Центарот за комуникации на ВМРО – ДПМНЕ пристигна реакција:

– Изјавите на Тито Петковски ниту се пишувани од ВМРО-ДПМНЕ ниту му се сугерирани од ВМРО-ДПМНЕ туку, претпоставуваме дека се лично тврдење или став на господинот Петковски. Ако тој е сигурен во своите изјави и тврдења и ако не ја лажел јавноста нема зошто да се плаши од можноста да ги докаже истите во предвидена законска постапка. Тој е единствениот пратеник во македонското Собрание што на седница на Собранието побарал
промена на државното име на Република Македонија.

– Тито Петковски е еден од предводниците и гласноговорниците на опозицијата токму на оваа тема за спорот со Грција. Знаејќи ја неговата историја на ставови и неговите лични врски ние од него никогаш и не очекуваме поодговорен пристап, но јавноста ја заслужува вистината, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.