НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грујо и Латас возат кон погрешната страна на историјата

0
By Нова ТВ on February 13, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Борис Камчев

Еден од психолошки најпровокативните моменти за официјална Анкара во тековната конфронтација помеѓу Русија и Турција е неодамнешната посета на Москва на лидерот на курдската Демократска партија на народите, Селахатин Демирташ, по официјална покана на Владимир Путин.

Во Турција, Демирташ се прослави за време на познатите протести во паркот Гези во 2013, кога се обединија неколку партии со стремеж за демократски промени и „обоена револуција“ во Турција – имено таков тип на масовно движење кое Путин го презира од дното на душата.

Настрана антагонистичкиот однос што владејачката партија на Реџеп Таип Ердоган го негува кон ДПН, откако оваа го чинеше губење на мнозиството во Парламентот на изборите во јуни (по што авторитарниот режим изгласа одржување предвремени избори неколку месеци подоцна), гестот на Путин е значаен сам по себе.

Тоа ја открива неговата тактика да го копира она што мисли дека другите нему му го прават. На познатиот Минхeнски говор во 2007, тој ја критикуваше Америка за светска хегемонија и инвазијата во Ирак, за само година дена подоцна да промовира своја хегемонија во бивши Советски Сојуз со војната во Грузија. За потсетување, Советскиот Сојуз опфаќаше една шестина од целокупната површина на Планетата, па ајде сега кажете кој е поголем хегемон.

Неколку години подоцна во 2014, Путин е запрепастен од Евромајдан на киевските улици, и после егзодусот на Виктор Јанукович во Русија започнува минимајдани на Крим и во неколку градови во југоисточна Украина. Конфликтотво кој досега загинаа речиси 10 илјади луѓе мислевме дека е замрзнат со Минск 2, но деновие повторно се разгори. Тоа беше почеток на хибриданата војна на Кремљ.

Во оваа војна се аплицира комплет од нетрадиционални начини на војување. Тоа се војни без контури на фронтовите со агресивна пропаганда, вооружени диверзии на неуниформирани лица, хушкање на разочарани народни маси на улични немири (последниот случај со измисленото силување на 13 годишно руско девојче во Берлин), ТВ и онлајн манипулации со вистината и ширење лаги.

Дел од оваа војна се и серија слични минимајдани по цела Европа: Од крвавите антивладини протести во Софија во 2013, до референдумот за отцепување на Шкотска од Велика Британија во 2014, до мајските случувања во Скопје со анти-протестите во поддршка на Путин и режимот на Никола Груевски, до анти-НАТО протестите во Црна Гора изминатава есен.

Врв на рускиот цинизам („Америка била интервенционистичка сила што ја поттикнала Арапската пролет“), се воздушните удари во Сирија и приклучувањето на Кремљ во четиригодишната сириска граѓанска војна во одбрана на крволочниот режим на Башар Асад. Помешувајќи им ги лончињата на Ердоган и на неговите сојузници од арапската лига кои заедно со Вашингтон и Брисел бараат итна смена на Асад и прекин на огнот, од кој досега загинаа над четвртина милион луѓе. Војната предизвика масовен бегалски бран во Европа и во регионот каде неколку милиои луѓе побегнаа од смртта и деструкцијата.

Од март 2014 и анкесијата на Крим до денес, цената на хибридната војна на Путин по светскиот мир порасна неколкукратно. И доколку ме прашате мене, драго ми е што Џорџ Сорос мисли како мојата маленкост – фундаменталната опасност по глобалниот мир и поредок доаѓа имено од путинска Русија а не од ИСИС.

Навреден од соборувањето на Сухојот во ноември (целокупниот рејтинг и подршка на Путин дома се градени на максимата „треба да сметаат на нас, никој не смее да не понижува“), рускиот претседател сега игра на картата на смена на режимот на Ердоган.

Бил ли авторитарен тој режим или не, во моментов нема значење. При конјуктура на ширење на исламскиот радикалаизам и тероризам преку ИСИС, турскиот световен исламистички систем под Ердоган е многу поприфатлива варијанта за Европа и Америка отколку сунитскиот феудален клерикализам што владее во Саудиска Арабија чиј спин беше Ал Каеда, а сега е и ИСИС, или шиитските радикални мули во Иран.

Навредата искажана кон Турците од страна на Драган Павловиќ Латас, јуришникот на груевистичката пропаганда и руски пандан на кремљовскиот бултериер Дмитриј Кисељов, воопшто не е за потценување. Тие зборови, изречени во интервјуто со лидерот на СДСМ, Зоран Заев (интервју кое ќе биде запишано во аналите на македонскиот журализам како достигање на неговото дно), не беа случајни.

И да биле случајно кажани во какафонијата од кафеанска разглаголеност на Латас, тие судбоносни зборови сепак извираат од потсвеста, каде, според Фројд, се скриени сите наши тајни желби и фантазии кои противречат на општествениот морал и на општоприфатените норми. Тие фантазии или комплекси понекогаш се пројавуваат во свеста, поттикнати од некаква мотивација како сон, невротички спомени или творештво. Во интервјуто со Заев, Латас беше во својот творечки занес.

Како дел од режимската пропаганда, тој со оваа кобна изјава („Лажеш како Турчин“) ја изнесе на виделина функцијата што нашиот режим ја имал во стравичната пропагандна машинерија на Кремљ. Покажа како милионски платената информативна агенда на Грујо парира на руските специјални сили кои во моментов водат хибридна војна на Балканот и во Турција.

Во секој момент може да избие воен конфликет помеѓу Турција и Русија – Путин интензивно го остре сечивото на боговите на војната во непосредна близина на границата со Турција, додека Анкара и Ријад спремаат воена окупација на Сирија. На Ердоган трпението му е при крај од големата офанзива на силите на Асад во Алепо, на северот од земјата, помогнати со супер модерна руска авијација, тенкови и машинерија, и од отворената руска поддршка на Курдите. Овие акции во моментов предизвикуваат бран од стотици илјади бегалци на сириско-турската граница. Сетете се на офанзивата на српските сили во Косово во 1998 и последиците по Македонија – бегалскиот бран и војната во 2001.

Секоја провокација врз Турција може да го доведе НАТО во искушение да го активира членот 5. Доколку тоа не се случи, руската агресивна пропаганда ќе спинува дека НАТО се распаѓа а ЕУ е пред колапс. Голема победа за Путин до која во никој случај не смее да дојде.

Затоа во моментов е потребна безрезервна поддршка и солидарност со Турција од страна на Западот. Лојалноста и добрите односи со нашите браќа и соседи Турците се спас за Македонија од руската хибридна војна.

Да не му дозволиме на режимот во заминување да не стави на погрешната страна од историјата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.