Наташа Петровска: Непристојно е толкувањето за оддалечување од идеологијата и сродните на себе, со неподдржувањето на корумпирани нечесници, индивидуи без вредности, а кои сте ги препознале во лажното претставување како сродни идеолози.
Непристојно е толкувањето за оддалечување од идеологијата и сродните на себе, со неподдржувањето на корумпирани нечесници, индивидуи без вредности, а кои сте ги препознале во лажното претставување како сродни идеолози.
Осиромашената денешница за вредности, принципи, стабилно изградено убедување што со еден збор претставува идеологија се потврдува со пукнатини на политички план. Така групирање на политички ентитети кои не се идеолошки сродни згрозува заради безкурполозна борба за власт, политичка моќ или спасување на сопствената кожа за која и со самиот ѓавол би се здружиле.
Оскудноста на идеологија со себе носи и предатори кои глумат припадност на една политика, а кумуваат со друга опционално отворени за соработка со било кој позиционер.
Таквата недоследност создава кризи во политиките што отвараат простор за нафрлани идеи кои системски неповрзани никогаш не можат да донесат видлив општествен прогрес.
Извоир: Фејсбук